Хумор
|
Ладно ви е? Надвор не се излегува од што боли од студ и мислите само на плажа и море? Не треба многу да се жалите на ладното време, еве зошто...
На:
- 0°C Италијанските автомобили не можат да запалат.
- -1°C Се гледа “ху“, а русите јадат сладолед и пијат ладно пиво.
- -10°C Француските автомобили не можат да запалат.
- -12°C Политичарите почнуваат да се грижат за бездомниците.
- -15°C Американските автомобили не палат.
- -20°C “Ху“ не само што се гледа туку и се слуша.
- -25°C Јапонските автомобили не палат.
- -29°C Германските автомобили не палат.
- -30°C Русите го закопчуваат најгорното копче на кошулата.
- -35°C Ниту еден нормален автомобил не пали.
- -40°C Руските автомобили не можат да запалат.
- -50°C Многу жители на Хелсинки умираат на студ.
- -60°C Во Москва ги закопчуваат капутите, ставаат шубари и ракавици.
- -80°C Дури и адвокатите ги ставаат рацете во џеб.
- -100°C Океаните се покриени со повеќе метарски мраз и изумира и последната флора и фауна на земјата.
- -120°C Алкохолот замрзнува, а русите паѓаат во тешка депресија.
- -273,15°C т.н. “апсолутна нула“ прекинува движењето на елементарните честички во секоја материја. Со смрзнати солзи на лицето, последниот преживеан русин со последни сили лиже скаменета капка водка.
Нека доаѓа веќе лето! :-)
CRNOBELO.com има уште многу интересни содржини:
 |
|
|
|
|
|
Онака
" Не си имал совршен ден, дури и кога си заработил многу пари, ако не си направил нешто за некого кој никогаш нема да може да ти се оддолжи. "
Рут Смелцер
|
|