Приказна: Зајците од Вол Стрит

prikazna-zajcite-od-wall-street-povekjeДошол еднаш еден убаво облечен господин кој се сместил во единствениот хотел и објавил на цела страница на локален весник дека плаќа по 10 долари...


...за секој зајак кој ќе му биде донесен.

Селаните кои знаеле дека шумата е полна со зајаци, побрзале да ги ловат и човекот уредно им плаќал како што и ветил.

Кога останале уште малку зајаци и ловот станал напорен, селаните престанале да му носат.

Господинот тогаш почнал да ветува 20 американски долари и селаните повторно побрзале да ги ловат.

Но, бројот на зајаци уште повеќе се намалил и господинот ја зголемил цената на 25 долари. Ловците ги уловиле и оние неколку преостанати, но и на нив им дошол крајот.

Сега господинот ветувал 50 долари, но веќе немало зајаци...

Тој отпатувал, а неговиот ортак им рекол на селаните:

- Погледнете ги овие кафези, полни се со зајаци кои мојот шеф ги купи за неговата колекција. Предлагам да ги купите за 35 долари, а кога шефот ќе се врати тој ќе ви ги откупи за 50 долари, што беше и последна понудена цена.

Селаните собрале се што штеделе цел живот и ги купиле зајаците кои биле во кафезите.

Од тој ден не го виделе ниту господинот ниту неговиот ортак.

Сè што виделе биле кафези полни со зајаци од шумата кои ги купиле со својата животна заштеда.

Сега имате јасна идеја како функционираат финансиските берзи.

Би можело да ве интересира:

Шеги на сметка на мајките кои ќе ве расположат (и во кои ќе се пронајдете) Четири збора кои го решаваат проблемот на таткото: Прашај ја мајка ти. Четири...
11 смешни мемиња во кои ќе се пронајдат сите Балканци - зелката е лек, турското кафе е светост Отвораме шише пиво со сè освен отворач, а родителите постојано нè обвинуваа/т за...
3 вицеви што слатко ќе ве насмеат Марика, откако го изневерила Перо, му објаснила: „Беше мрак, јас легнав да спија...
Смешни фотки од родители кои докажуваат животот со деца не е воопшто лесен Коса заплеткана во играчка, плачење за најчудните работи и правење хаос низ домо...
20 кратки шеги за бракот во кои ќе се пронајдат голем број парови Колку шеги за бракот знаете и ги кажувате кога сакате да се насмеете на сопствен...
Смешна компилација: Луѓе кои имале многу полош ден од вас Истурено кафе, автомобил заглавен во песок на плажа, скршена рерна… Истурено ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg