Виц: Трпе на интервју во Microsoft

vic-trpe-na-intervju-vo-microsoft-povekjeБил Гејтс се решил да организира јавен конкурс за нов шеф на Microsoft за Источна Европа. 5000 кандидати се собрале во една сала во силиконската...


...долина. Меѓу нив и Трпе.

Бил на сите им се заблагодарил и им рекол сите оние кои не знаат ЈАВА програмски јазик да станат и да ја напуштат салата. 2000 луѓе излегле.

Трпе не ни знаел што е ЈАВА, ама си рекол „немам што да изгубам“ и останал.

Бил потоа побарал сите оние кои не управувале тим од барем 100 луѓе да ја напуштат салата.

Трпе си рекол: Ма јас не сум ни шеф ниту на жена ми, ама па што имам да изгубам?

2000 луѓе си заминале. Трпе останал.

Потоа Бил рекол сите оние кои немаат магистратура од област на менаџмент да напуштат.

Уште 500 излегле.

Трпе си рекол: јас имам завршено осмо одделение, па и тоа се важи шо, Источна Европа е во прашање!

Потоа Бил рекол дека централата ќе биде сместена во Таџикистан па сите они кои не зборуваат таџикистански да ја напуштат салата.

498 луѓе си отишле. Трпе си рекол: абер немам од таџикистански ама што можам да изгубам?!

И останал сам со уште еден кандидат.

Бил пришол па им рекол: Изгледа дека вие двајца сте единствени кои зборуваат таџикистански. Би сакал да ве чујам како разговарате на таџикистански.

Трпе мртов ладен се свртел кон другиот кандидат па го прашал: Хм, и ти брат како се викаш?

Другиот одговорил: Перо...братче само ти продолжи...

Би можело да ве интересира:

Смешна фото-компилација: Неуспешни обиди за градинарство Лимон голем колку зрно грашок, морков кој личи на стапче – смешни фотки од неусп...
Најсмешните твитови и мемиња за Оскари 2024 Шеги на сметка на Бредли Купер кој повторно не освои Оскар, но и на сметка на Џи...
Смешни фотки од родители кои докажуваат животот со деца не е воопшто лесен Коса заплеткана во играчка, плачење за најчудните работи и правење хаос низ домо...
8 луѓе кои немале среќа на првиот ден на ново работно место Дали сте од оние луѓе кои баш и не ги прати среќа, туку напротив, секогаш им се ...
Смешна компилација: Што сè прават луѓето за интернет слава? Тверкање среде улица, бизарно танцување во супермаркет, неуспешни обиди за прово...
Хит мемиња кои ќе ве насмеат до солзи (и ќе ве натераат да кажете: Така е!) Новороденчињата секогаш се најубавите бебиња за своите мајки, зарем не? Но, ајде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg