Правила и мудрости за животот

Во продолжение ќе ја имате специјалната можност да размислите за некои работи кои го исполнуваат вашето секојдневие, но на малку поинаков...

 

... начин.

Мудрости и правила кои се надеваме дека ќе ги најдете колку и интересни, толку и вистинити.

  1. Никогаш, ама никогаш, немојте во една иста вечер да испиете таблета за спиење и лаксатив.

  2. Не грижете се околу тоа што мислат луѓето - и онака, тие ретко се занимаваат со таа активност.

  3. Одењето во црква ќе ве направи христијани исто колку што седењето во гаража ќе ве направи автомобил.

  4. Вештачката интелигенција не оди во пар со природната глупавост.

    pravila-i-mudrosti-za-zivotot1
  5. Ако веќе морате да бирате помеѓу две зла, изберете го она што не сте го пробале до сега.

  6. Треба да чистите по дома? Светнете ја собата - со поглед!

  7. До сега и онака никој не дал доволно убедлив доказ дека животот е сериозен.

  8. Оној што е фин кон вас, но е груб кон келнерот, не е добар човек.

  9. За секоја акција, постои еднаква и спротивна владина програма.

  10. Доколку навистина личите со сликата што ја имате во пасошот, тогаш очигледно ви е потребно патување.

  11. Правило на доставувањето: сметките пристигнуваат двапати побрзо отколку вашата заслужена заработувачка.

  12. Совест - е она што боли кога сите други делови на вашето тело се чувствуваат одлично.

  13. Хранете се добро, останете во форма, на крајот - умрете.

  14. Мажите се од Земјата. Жените се од Земјата. Прифатете го тоа еднаш за секогаш.

  15. Балансирана исхрана = по една крофна во секоја рака.

  16. Средовечноста настапува кога широчината од умот и стеснатноста од колковите ќе си ги заменат местата.

  17. Ѓубре - нешто што сте го чувале со години, а сте го фрлиле точно три недели пред повторно да ви притреба.

  18. Секогаш ќе се најде уште еден дополнителен имбецил повеќе отколку што сте очекувале.

  19. Искуството е прекрасна работа. Ви овозможува да ја препознаете грешката кога повторно ќе ја направите.

  20. Додека да успеете да поврзете еден крај со друг, некој ќе ви ги помести крајчињата.

  21. Правило за тежината: не смеете да бидете потешки од вашиот фрижидер.

  22. Оној кој размислува логички, произведува интересен контраст за реалниот свет.

  23. Фармерките не се виновни што вашиот задник изгледа дебело.

  24. Доколку морате со еден збор да објасните зошто човештвото не успева да го реализира својот целосен потенцијал, зборот кој го барате секогаш е „состаноци“.

  25. Линијата помеѓу „хоби“ и „клинички случај“ е.. тенкичка.

Би можело да ве интересира:

Смешна фото-компилација: Бизарни утки на градежници Ескалатор кој завршува во ѕид и тоалет за инвалидска количка до кој се стигнува ...
Кратки вицеви за брачни парови што слатко ќе ве насмеат Зошто мажот ненадејно завршил во болница? Која е тајноста за долговечноста и доб...
Смешна компилација: Луѓе кои имале многу полош ден од вас Истурено кафе, автомобил заглавен во песок на плажа, скршена рерна… Истурено ...
Медицински сестри откриваат смешни работи што слушнале од пациенти Медицинските сестри имаат видено и слушнато речиси сè.  „Еден ортопедски...
Смешна фото-компилација: Луѓе на кои неделата сигурно им почнала полошо од вас Како ви почна оваа недела? Ако и вчера и денес сте под стрес и мислите дека имат...
Смешни (и тажни) дизајни на играчки - Дали би ги купиле? (фото) Некои играчки се направени според толку ужасен дизајн при што финалниот производ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg