Европските држави се претставуваат со една реченица

„Претстави се со една реченица“ е предизвик од кој може да произлезат интересни факти за еден човек, или за една земја во случајов.

evropskite-drzavi-vo-edna-recenica-001.jpg

Што има да каже секоја земја за себе?

Вклучете го хуморот, пред да продолжите да читате:

Албанија Дуа Липа и Рита Ора се од кај нас.

Андора Имам два принца, ниту еден од нив не е од тука.

Ерменија „System of a Down“ се од тука.

Австрија – Ни ја слушате филхармонијата на 1-ви јануари.

Азербејџан – Технички не сме ни во Европа.

Белорусија – Имаме повеќе од 300 видови на јадења од компир.

БелгијаНашите фудбалски репрезентативци играат во Премиер Лига.

Босна и Херцеговина Си биле Мујо и Хасо...

Бугарија – Емиии един народ две држави... хехе... ;).

Хрватска – Тотално сме различни од Србија... ние сме во Европска Унија.

Кипар – Љубовната афера на Турција и Грција.

Чешка – Имаме замоци и пиеме пиво.

Данска – Следното стапнување на лего коцка помислете на нас.

ЕстонијаАко сакате лулашки, ова е местото.

Финска – Здраво металци, повелете.

Франција – Освен Ајфеловата кула и модата, познати сме и по бегањето од конфликти.

Грузија – Според археологијата, домот на првите Европејци.

Германија – Пиво, колбаси, фудбал и работна навика.

Грција Митологија, долгови и филозофија.

Унгарија – Худини и Рубиковата коцка се наши, исто како и 13 добитници на Нобелова награда.

Исланд – Веруваме во самовили.

Ирска – Замоци, ирска музика, пабови, леприкон и грне злато.

Италија – Пица, тестенини, сладолед и мафија.

Казахстан – Првиот вселенски брод „Спутник 1“ полетал од тука.

Летонија – Ги имаме највисоките жени во светот (просек од 170 цм).

Лихтенштајн – Светски лидери во производство на вештачки заби.

Литванија – Литванскиот јазик е најстариот на светот.

ЛуксембургНајбезбедната земја во светот со највисоката минимална плата.

Македонија Мајка Тереза и Александар Македонски се од тука... исто така... Ајвар.

Малта Немаме шуми, планини и реки.

МолдавијаНајсиромашни сме во Европа.

Монако – Имаме најмал процент на невработеност во светот, имаме принц и имаме највисок наталитет во светот.

Црна Гора – Вицовите се точни, мрзеливи сме.

Холандија – Имаме лалиња, ветерници, канали и велосипедисти... и нешто друго што е нелегално во повеќето земји.

Норвешка – Имаме фјордови, викинзи, нафта и риба.

Полска – Нашите соседи сакаат да нѐ освојуваат.

ПортугалијаДа не бевме ние, немаше да постои Бразил.

Романија Светот сѐ уште се плаши од Дракула.

Русија - Ние сме најголемата земја во светот, за сѐ друго постои вотка.

Сан Марино - Ние сме всушност најстарата република на планетата (301 п.н.е.)

Србија - Да не беше Никола Тесла, немаше струја да имате.

Словачка - Кај нас преспиваат скржавците кои сакаат да ја посетат Виена.

Словенија - Ние сме најзелената земја во светот.

Шпанија - Ако мислите дека Црногорците се мрзеливи, тогаш не сте чуле за сиеста.

Шведска - Од „ИКЕА“ причини, ќе ве оставам сами да ја составите реченицата.

Швајцарија - Нашата неутралност е гаранција за вашите пари ;).

Турција - Треба да ни се заблагодарите за бурекот, баклавата, таблата и добрите слаткари.

Украина - Го создадовме првиот устав во светот, ако не ни верувате, обратете се кај браќата Кличко.

Обединето Кралство - (Познато по кралската свадба).

Англија - Освен што возиме во обратна насока, познати сме по театарот, литературата, јазикот како и универзитетите.

Шкотска - Како што еднаш кажа Мел Гибсон: „Може да ни ги одземат животите, но никогаш нема да ни ја одземат слободата“, цитираме додека сме дел од Обединетото Кралство.

Велс - Герет Бејл и Рајан Гигс се наши, доста ви е.

Северна Ирска - Кај нас се снима Game of Thrones.

еНВи | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 вицеви што слатко ќе ве насмеат Марика, откако го изневерила Перо, му објаснила: „Беше мрак, јас легнав да спија...
5 вицеви за брачни двојки што слатко ќе ве насмеат (и ќе ви го подобрат расположението) Во продолжение 5 вицеви што слатко ќе ве насмеат и кои ќе направат да ви тргне д...
20 кратки шеги за бракот во кои ќе се пронајдат голем број парови Колку шеги за бракот знаете и ги кажувате кога сакате да се насмеете на сопствен...
Кратки вицеви за брачни парови што слатко ќе ве насмеат Зошто мажот ненадејно завршил во болница? Која е тајноста за долговечноста и доб...
14 мини злосторства кои поминале неказнето заради шармот на виновниците 10 минути тишина во домот, одите во другата просторија, ви се крева коса од глет...
Забавна фото-компилација: Луѓе кои сигурно имале полош дочек на Нова година од вас Некои скршиле рака ил нога, некои претерале со алкохол, а некои не нашле друштво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg