Виц на денот: Кога си најлошиот и најдобриот маж истовремено

vic-na-denot-koga-si-najlosiot-i-najdobriot-maz-istovremeno-001.jpg

Мажот се буди мамурен. Отвора очи, а на масичката гледа чаша вода и два Аспирини.

Облеката покрај креветот му е испеглана, разгледува наоколу и гледа дека цела куќа е чиста и средена.

На масата во кујна гледа ливче на кое пишува: „Отидов во продавница. Појадокот е во рерна, спортскиот весник на маса. Твојата сопруга!“

Тогаш поминува синот и мажот го гледа и го распрашува што се случило минатата ноќ.

Синот одговара:

„Ох, ништо, си дојде околу 3 наутро, пијан, се сопна на скалите, ја искрши омилената ваза на мама и поврати во ходник, па се залета кон вратата и од тоа ти е модрицата на око.“

„А, како и покрај тоа, сè е средено и мајка ти не  е лута?“

Синот дообјаснува:

„Па, кога мама те одвлече во спална и проба да ти ги соблече панталоните, ти ѝ рече: Госпоѓо, оставете ме раат, јас сум оженет!“

Би можело да ве интересира:

Кратки вицеви за брачни парови што слатко ќе ве насмеат Зошто мажот ненадејно завршил во болница? Која е тајноста за долговечноста и доб...
20 кратки шеги за бракот во кои ќе се пронајдат голем број парови Колку шеги за бракот знаете и ги кажувате кога сакате да се насмеете на сопствен...
(Откачени) инструкции за мажи - Што треба да правите кога жената плаче? „Ако вашата жена плаче, тогаш не треба да ја оставате сама. Но, бидете многу вни...
16 работи кои се толку лошо изведени, што нема да ви се верува дека некој земал плата за нив (фото) Избетонирани шахти, извиткани цевки, наместена тоалетна школка без простор за се...
11 смешни мемиња во кои ќе се пронајдат сите Балканци - зелката е лек, турското кафе е светост Отвораме шише пиво со сè освен отворач, а родителите постојано нè обвинуваа/т за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg