Виц: Жена во швалерај

vic-zena-vo-svaleraj-povekjeСе договориле Бог и Свети Петар дека во рајот ќе примаат само необични случаи. Дошол еден ден некој човек и чукнал на вратата на рајот.


- Примаме само необични случаи!

- Добро, слушнете ја мојата приказна... Се сомневав дека жена ми ме изневерува и се вратив 2 часа порано од работа. Трчајќи се качив на 11 спрат и влегов дома. Ја начекав жена ми гола на кревет. Излегов на тераса и начекав гол маж како се држи за гелендерот и виси. Земав чекан и му ги скршив прстите, но падна на меко и преживеа, па јас се разбеснев и го фрлив фрижидерот врз него. И во тој момент добив мозочен удар од среќа и ... Еве ме овде.

- Добро, примен си.

После кратко време, некој пак чукнал на вратата.

- Примаме само необични случаи!

- Добро, сослушајте ја мојата приказна. Бидејќи беше топло, јас вежбав на тераса. Во истиот момент се лизнав и паднав. Се фатив за гелендерот на терасата и си реков во себе: Будало, Бог ти го спаси животот. Во тој момент дојде еден манијак, ми ги скрши прстите со чекан и јас паднав пред зградата. Си реков во себе: Бог ти го спаси животот по втор пат!, кога ете фрижидер падна врз мене... и еве ме овде.

- Добро примен си.

Кога, после некое време пак некој чука.

- Примаме само необични случаи!

- Добро, сослушајте ја мојата приказна... После добар секс, седам јас сокриен во фрижидерот...

Господ почнал на глас да се смее, а Свети Петар:

- Добро, добро, може да влезеш! Smile

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои немале среќа на првиот ден на ново работно место Дали сте од оние луѓе кои баш и не ги прати среќа, туку напротив, секогаш им се ...
Најсмешните твитови и мемиња за Оскари 2024 Шеги на сметка на Бредли Купер кој повторно не освои Оскар, но и на сметка на Џи...
Смешна фото-компилација: Луѓе на кои неделата сигурно им почнала полошо од вас Како ви почна оваа недела? Ако и вчера и денес сте под стрес и мислите дека имат...
Шеги на сметка на мајките кои ќе ве расположат (и во кои ќе се пронајдете) Четири збора кои го решаваат проблемот на таткото: Прашај ја мајка ти. Четири...
11 смешни мемиња во кои ќе се пронајдат сите Балканци - зелката е лек, турското кафе е светост Отвораме шише пиво со сè освен отворач, а родителите постојано нè обвинуваа/т за...
Смешна компилација: Што сè прават луѓето за интернет слава? Тверкање среде улица, бизарно танцување во супермаркет, неуспешни обиди за прово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg