Пица нарачка во 2025

pizza-2025-povekjeГлобализација, централизација, едношалтерски системи, шифри, податоци, сервери, клиенти... Како сево ова ќе направи да изгледа нарачка на пица за пар години...

 

 

Оператор: Pizza hut, повелете!
Блажо: Добар ден! Имам една нарачка.
Оператор: Може ли прво да ми го дадете вашиот ЕМБГ?
Блажо: Мојот Ембг, само момент.. Мојот Ембг е 230197543034
Оператор: Фала Блажо, сега видов дека живеете на улица Гоце Делчев бр.1
Блажо(зачуден): Може две пици капричози екстра лути!
Оператор: Мислам дека тоа не ви е добра идеја!
Блажо: Како тоа мислите?
Оператор: Блажо, вашите здавствени податоци укажуваат дека имате висок крвен притисок, затоа подобро е да не ризикувате...
Блажо: Па тогаш, што ќе ми препорачате?
Оператор: Можете да ја пробате новата пица од соја, сигурен сум дека ќе ви се допадне.
Блажо: Зошто така мислите?
Оператор: Па, минатата недела од книжарата сте ја купиле книгата "Гурмански рецепти од соја".
Блажо: Добро, добро, тогаш дај ми џамбо пица од соја, и кажете ми цена?
Оператор: Тоа би требало да ви биде доволно за вас, вашата жена и трите деца, и тоа ќе ве чини 550 денари.
Блажо: Сега ќе ви го дадам бројот од кредитната картичка.
Оператор: Извинете г-не, но мора да платете во кеш бидејќи вашиот дозволен лимит е надминат.
Блажо: Добро, тогаш ќе му платам во кеш на вашиот доставувач?
Оператор: Ок, ако сакате можете да дојдете со вашиот мотор да ја земете инаку ќе мора да чекате околу 45 минути.
Блажо: Од каде знаете дека возам мотор?
Оператор: Тука пишува дека сте закасниле со ратата за кола и затоа банката ви ја одземала, а вашиот мотор е исплатен па претпоставив дека со мотор ќе дојдете.
Блажо: Ма идете во ку*ац....
Оператор: Пазете што зборувате г-не бидејќи имате две прекршочни пријави.
Блажо: без коментар
Оператор: Дали тоа ќе биде се од вашата нарачка?
Блажо: Донесете ми и еден литар кока кола!
Оператор: Извниете г-не но не смееме да им продаваме кока кола на дијабетичари!

Би можело да ве интересира:

11 смешни мемиња во кои ќе се пронајдат сите Балканци - зелката е лек, турското кафе е светост Отвораме шише пиво со сè освен отворач, а родителите постојано нè обвинуваа/т за...
Забавна фото-компилација: Луѓе кои сигурно имале полош дочек на Нова година од вас Некои скршиле рака ил нога, некои претерале со алкохол, а некои не нашле друштво...
(Откачени) инструкции за мажи - Што треба да правите кога жената плаче? „Ако вашата жена плаче, тогаш не треба да ја оставате сама. Но, бидете многу вни...
Кратки вицеви за брачни парови што слатко ќе ве насмеат Зошто мажот ненадејно завршил во болница? Која е тајноста за долговечноста и доб...
8 луѓе кои немале среќа на првиот ден на ново работно место Дали сте од оние луѓе кои баш и не ги прати среќа, туку напротив, секогаш им се ...
Смешна фото-компилација: Неуспешни обиди за градинарство Лимон голем колку зрно грашок, морков кој личи на стапче – смешни фотки од неусп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg