Лековити манастири во Македонија: Неротки забременуваат, инвалиди проодуваат, болести се лечат

Манастир Свети Георгиј Победоносец, Дељадровци

За овој манастир имавме напишано едно многу интересно сведоштво за исцеление, кое во целост можете да го прочитате тука.

Накратко, манастирот Свети Георги Победоносец во Дељадровци има пет цркви и тоа: главната црква на Свети Георги, црква посветена на раѓањето на Пресвета Богородица, црква посветена на светите архангели Михаил и Гаврил, црква посветена на Света Петка и Света Недела, и црква посветена на Света Злата Мегленска.

Црквата која е посветена на раѓањето на Пресвета Богородица е мала градба во која има исцелителен крст. Поради верувањето за исцелителноста, ова црквиче е многу посетено.

На поклонение на крстот често доаѓаат болни луѓе или жени кои не можат да останат бремени и преспиваат под крстот.

View this post on Instagram

A post shared by Boban Petrovski (@boban.petrovski.46)

Манастир Свети Јован Бигорски

Манастирот Свети Јован Крстител, или низ народот познат како Бигорски манастир, се наоѓа на патот помеѓу Гостивар и Дебар, во непосредна близина на селата Ростуше, Битуше, Велебрдо и Требиште, по течението на реката Радика во Западна Македонија.

Според Бигорскиот поменик од кој можевме да исцрпиме повеќе информации, како и според записот на чудотворната икона на Свети Јован Крстител, манастирот бил основан од страна на монахот Јован Дебранин во 1020 година.

Манастирот, како православен дом и топла светлина на западот од оваа земја, е познат по иконата на Свети Јован Крстител, за која постојат докази дека има чудотворна моќ.

Според преданието, иконата ја нашол монахот Јован во 1020 година:

„Таа сама дошла до местото каде што подоцна бил изграден манастирот и лебдела над изворите на реката Радика.

Во 16 век, во времето на султанот Селим II, Османлиите го запалиле манастирот, а иконата мистериозно исчезнала за потоа, уште помистериозно, да се врати неоштетена“.

Важно е да се спомене дека во Бигорскиот манастир има многу мошти на светители: моштите на Св. Јован Крстител, кои се мироточиви и исцелителни, како и оние на Свети Серафим Саровски, Света Параскева, Свети Пантелејмон, Свети Јаков брат Божји, Свети Трифун и многу, многу други.

Успеавме да поразговараме со едно младо момче, кое поради смирението свое замоли да остане анонимно, и накратко ни ја раскажа својата приказна:

„Јас живеев многу лош живот. Крадев од моите родители, пари, злато. Одев и купував дрога, живеев многу неубав живот. Во тие луди денови, за малку ќе загинев во сообраќајка.

Тогаш нешто се освести во мене. Тоа чувство ме натера да истражам за православниот свет повеќе и преку Бог, Свети Јован ме повика кај него во Бигорскиот манастир. Јас таму се излекував.

Со труд, молитви и предавање на мојата душа на Бога, сега сум нов. Верувам дека секој може да се излечи, само да има верба и надеж.

И, да го посети Бигорскиот Манастир, како и сите други православни светла во оваа земја. Само тоа ни е спасот“.

Ова се само еден мал дел од чудата кои се случуваат во исто така мал дел манастири и цркви во нашата Македонија.

Треба да запаметиме дека останува само малку за крај што е потребно да се направи од наша страна. Тоа е вера и молитва – за овие две нешта потребно е отворено срце и покајнички солзи.

Не сме свесни колку само можеме да достигнеме ако сме добри, искрени и љубовни.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

К. А. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Скриени цркви, чешми - 5 лековити места во Македонија Кога претходно објавивме за лековити места (манастири и цркви), потенциравм...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
Верувате ли дека ангел чувар нѐ следи насекаде? Знаци дека е во близина и ве чува Некои луѓе веруваат дека нивниот ангел чувар е духовно суштество кое работи за н...
8 секојдневни работи кои (речиси) сите ги правиме погрешно Дали нанесувате маска или регенератор дури и на корените на косата? А, каде го с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg