Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот

За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број напредни алатки, учениците во минатото се служеа со едноставни трикови за да ги запомнат работите што се учат напамет.

korisni-trikovi-shto-gi-nauchivme-vo-uchilishte-a-ni-sluzhat-za-cel-zhivot-01.jpg

Колку од овие трикови сте ги научиле во училиште? Ако не сте се сретнале со некој од нив, тогаш сигурно ќе научите нешто ново.

Одредете го времето до зајдисонце

Спојте ги прстите на дланката и наведнете ја дланката така што Сонцето ќе „легне“ на вашиот показалец.

Сега избројте колку прсти има од Сонцето до линијата на хоризонтот. Секој прст ви е отприлика по 15 минути до зајдисонце. Ако има 4 прсти, тоа значи дека има околу 60-тина минути.

korisni-trikovi-shto-gi-nauchivme-vo-uchilishte-a-ni-sluzhat-za-cel-zhivot-02.jpg

Тупаниците ќе ви покажат колку денови има секој месец

Направете тупаница и почнете да ги набројувате месеците на секој од зглобовите на прстите. Секое издигнување и секоја вдлабнатина се по еден месец.

Ако името на месецот е на издигнување, тогаш има 31 ден, а ако се најде на вдлабнатина, тогаш има 30 дена или помалку (февруари).

korisni-trikovi-shto-gi-nauchivme-vo-uchilishte-a-ni-sluzhat-za-cel-zhivot-03.jpg

Дали Месечината е во фаза на осветлување или во фаза на затемнување?

Со помош на латинските букви C, O и D лесно можете да одредите во која фаза се наоѓа Месечината.

Ако ја формира буквата O, тогаш е полна Месечина, ако ја формира буквата C тогаш е во фаза на затемнување, а ако ја формира буквата D е во фаза на осветлување.

korisni-trikovi-shto-gi-nauchivme-vo-uchilishte-a-ni-sluzhat-za-cel-zhivot-04.jpg

Како да проверите дали батериите се полни?

Наместо да ги тестирате во уреди, постои трик со којшто можете да одредите дали батериите се полни или празни.

Кренете ги на височина од 1-2cm над масата и пуштете ги да паднат. Батеријата што ќе отскокне и ќе падне е празна.

korisni-trikovi-shto-gi-nauchivme-vo-uchilishte-a-ni-sluzhat-za-cel-zhivot-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg