Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам?

Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара на час, но исто толку му е срам да излезе на одмор и да се дружи со другарите од одделение.

bez-sramezliva-20-godini-kako-si-ja-zgolemiv-samodoverbata-i-prestanav-da-se-sramam-01.jpg

Она дете кое беше убедено дека не знае да црта добро, кое се срами да каже како се вика и да сподели реченица муабет во друштво.

Црвенеев кога ќе ми прозбореше момче.

Гледав надолу кога требаше да раскажам лекција во училиште.

На интервјуа за работа одев со постојан страв и срам дека ќе ме фати паника.

Денес, на мои 35 години, кога ќе се сетам на јас од детството, горда сум на себе, горда сум на она што го преземав и станав она што сум денес. Горда сум што успеав да го победам срамот и стравот, што имам фамилија, успешна сум во работата и она што го правам, мајка на две деца – и би рекла, можеби една од посамоуверените личности кои ги познавам.

bez-sramezliva-20-godini-kako-si-ja-zgolemiv-samodoverbata-i-prestanav-da-se-sramam-02.jpg

Кои се најважните правила кои ми помогнаа во процесот низ годините да го победам срамот?

1. Дозволете си да грешите и да учите од грешките.

Може ви звучи премногу користено, но навистина „Рим не бил изграден за еден ден“.

Нека не ве секира ако згрешите во училиште, на работа, ако погрешите во воспитувањето.

Треба да правите грешки. Така учиме и созреваме како личности.

2. Ставајте се во ситуации во кои ви е непријатно.

Ова е најдобриот начин да го победите срамот. Излезете од зоната на комфорот – зачленете се во клубот за танцување сами, одете на настани и разговарајте со луѓе. Отидете да пиете кафе сами во кафуле, разговарајте со келнерот.

Овие непријатни ситуации наскоро ќе станат пријатни и нормални за вас и ќе станете посамоуверени како личност.

bez-sramezliva-20-godini-kako-si-ja-zgolemiv-samodoverbata-i-prestanav-da-se-sramam-03.jpg

3. Сите сме луѓе.

Оние кои ви личат дека се кул, не се ништо поразлични од вас. Секој има свои проблеми, несигурности и сомнежи. Престанете да мислите дека сите се подобри од вас. Факт е дека 50% од луѓето се борат со срамежливост.

4. Преземајте ризици.

Звучи страшно, но ризикувајте. Ако вашиот сон изгледа страшно и ризично, „скршете го“ на поситни парчиња. Тогаш нема да изгледа толку страшно за остварување.

5. Доведете го телото во форма и облекувајте се убаво.

Најлесен начин полесно да станете самоуверени е да изгледате добро.

Ако не ви се допаѓа како изгледате, ќе се обидете да останете сокриени меѓу луѓето.

Ако ви се допаѓа вашиот изглед, ќе бидете посамоуверени во јавност.

bez-sramezliva-20-godini-kako-si-ja-zgolemiv-samodoverbata-i-prestanav-da-se-sramam-01_1.jpg

6. Помалку планирање, повеќе акција.

Премногу планирање води до многу мислење и создава анксиозност.

Наместо тоа, реагирајте веднаш и преземете акција. Колку повеќе и почесто ги правите работите, толку повеќе ви се зголемува самодовербата.

7. Престанете да бидете строги кон себе.

Истакнете си ги добрите работи кои сте ги направиле. Колку сте напреднале. Секогаш сетете се дека ви оди одлично – напредокот е многу важен. Каде бевте, а каде сте сега.

Секогаш треба да сте горди на себе и на вашите мали, но големи успеси.

Е. П. | Црнобело / фото: pexels / freepik

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg