12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години

Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30-тата секоја жена сака вистински да ужива во секое залче и голтка. За кои други работи жените по 30-тата се освестуваат и веќе не ги трпат? 

12-raboti-za-koi-zhenite-vekje-nemaat-nervi-koga-kje-napolnat-30-godini-05_copy.jpg

По 30-тата година, многу жени си го менуваат начинот на размислување, почнуваат да се ценат и вреднуваат повеќе, си ја сакаат слободата и не дозволуваат никој да гази преку нив. 

Работите како преку ноќ да се менуваат и она што некогаш било подносливо, сега веќе не доаѓа предвид, секако со исклучоци. 

Ако не знаете што ве очекува, погледнете кои се работите кои жените веќе не ги трпат по 30-тата година: 

Опкружување со луѓе со кои не сакаат да бидат – после 30-тата многумина сфаќаат дека не сите луѓе им се вистински пријатели.

Лажни и лицемерни пријателства и врски – без проблем може да си заминат од вакви токсични односи.

Викенд од само два дена – на кого му се доволни само 2 дена? После 30-тата многумина почесто посакуваат подолг викенд.

12-raboti-za-koi-zhenite-vekje-nemaat-nervi-koga-kje-napolnat-30-godini-04.jpg

Луѓе и работи кои им го нарушуваат мирот – времето на сите ни е броено, а со тек на годините го сфаќаме тоа, па почнуваме да не се грижиме за работи кои не се вредни.

Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30-тата секоја жена сака вистински да ужива во секое залче и голтка, а почнува и да размислува повеќе за своето здравје и свеж изглед.

12-raboti-za-koi-zhenite-vekje-nemaat-nervi-koga-kje-napolnat-30-godini-03.jpg

Носење градник постојано – слободата е незаменлива и не постои жена што не посакува да прошета без градник, а многу од нив по 30-тата се охрабруваат.

Прекари од типот на „кукле“ – не сме мали деца и не ни треба маж што ќе нѐ нарекува вака.

Неудобна облека – не постои повеќе простор за гушење во непријатна облека само за да бидеме во тренд.

12-raboti-za-koi-zhenite-vekje-nemaat-nervi-koga-kje-napolnat-30-godini-02.jpg

Расправање со луѓе кои немаат намера да се променат – зошто да продолжиме да губиме време на бескорисни дискусии?

Одење на забави кои почнуваат по 10 часот навечер – има ли нешто подобро од денските забави и вечерниот одмор дома?

12-raboti-za-koi-zhenite-vekje-nemaat-nervi-koga-kje-napolnat-30-godini-05.jpg

Секирање за секого – освен ако не е некој од најблиските, со текот на времето сфаќате дека нема потреба да се грижите за секој што не заслужува и се ставате на прво место.

Недоволен сон – ако некогаш бевте подготвени на непроспиени ноќи, сега добриот сон ќе ви биде приоритет.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg