9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно)

Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесувате, другите не ја знаат вашата приказна и низ што сте минале, мислете на себе и на тоа што е правилно за вас.

9-raboti-od-koi-treba-da-se-otkazhete-za-da-zhiveete-srekjno-01.jpg

Од што треба да се откажете во животот за да бидете посреќни? Кои навики всушност ве спречуваат да бидете подобри од тоа што бевте вчера?

Неколку корисни совети:

- Откажете се од тоа да бидете личноста која бевте порано. Потсетувајте се што сакате да бидете и излезете од зоната на комфорот.

- Престанете да се критикувате себе за сè што не сте, работете на стравовите, несигурностите и бесот и помогнете си да ги надраснете.

- Откажете се од каењето и држењето до минатото, така ја испуштате убавината на сегашноста, откажете се од работите кои не функционирале и дадете им простор на нови.

- Откажете се од негативноста и научете да бидете позитивни, дури и во негативните времиња.

- Откажете се од мислењето дека животот на другите луѓе е полесен од вашиот, сите имаат свои борби и тревата не е позелена во дворот на соседите.

9-raboti-od-koi-treba-da-se-otkazhete-za-da-zhiveete-srekjno-02.jpg

- Откажете се од тоа да посакувате да бидете на местото на кое се другите во животот, секој е уникатен со своите цели, соништа и пат, верувајте дека сте на вистинското место во вистинското време.

- Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесувате, другите не ја знаат вашата приказна и низ што сте минале, мислете на себе и на тоа што е правилно за вас.

- Откажете се од верувањето дека не сте доволно силни, никогаш не се потценувајте себеси и секогаш направете го посакуваниот чекор.

- Откажете се од мислење премногу и од непотребни грижи, тоа само ви го нарушува мирот и ви го намалува потенцијалот, плус секако нема да ве заштити од утрешните неволи.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Изберете една тарот карта и дознајте што ве очекува во мај Сонце, свет или тркало на среќата? Тарот картата што ја избравте ќе ви открие шт...
8 работи за кои вреди да дадете повеќе пари, за да заштедите долгорочно На кои работи не треба да штедите кога ги купувате? Погледнете кај кои 8 продукт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg