Исчезнале, па им ги нашле коските и вознемирувачки фотографии на апаратот: Мистериозната смрт на две студентки од Холандија

Надлежните веднаш ги провериле смартфоните и забележале неколку повици кон меѓународниот број за итни случаи од Холандија, како и бројот за итни случаи во Панама.

Но, веројатно имале слаб сигнал за повиците да бидат успешни.

Девојките првпат повикале помош во 16:39 часот на 1-ви април. Следниот повик бил во 8 наутро на 2-ри април.

Тие пробале да повикаат помош и на 3-ти и 4-ти април, но дотогаш веќе едниот телефон се испразнил.

ischeznale-pa-im-gi-nashle-koskite-i-mornichavi-fotografii-na-aparatot-misterioznata-smrt-na-studentki-od-holandija-14.jpgФотографија од Лисен направена на 1-ви април

На другиот телефон имало знаци дека бил исклучуван и вклучуван, но не бил впишан PIN кодот за картичката.

Последната активност на другиот телефон била забележана на 11-ти април околу пладне.

На фотоапаратот, пак, имало фотографии направени на 1-ви април според кои девојките залутале во дивината, неколку часа пред првпат да повикаат помош.

ischeznale-pa-im-gi-nashle-koskite-i-mornichavi-fotografii-na-aparatot-misterioznata-smrt-na-studentki-od-holandija-04.jpgФотографија од Крис направена на 1-ви април

Но, почудни се 90-те фотографии направени на 8-ми април, помеѓу еден и четири часот наутро.

Фотографиите биле направени со блиц, најверојатно покрај река. На некои се гледаат пластични кеси, заедно со други предмети на девојките.

ischeznale-pa-im-gi-nashle-koskite-i-mornichavi-fotografii-na-aparatot-misterioznata-smrt-na-studentki-od-holandija-07.jpgФотографија направена на 8-ми април со фотоапаратот на девојките

А, на една се гледа задниот дел од главата на Крис.

Некои извори тврдат дека фотографијата достапна за јавност е всушност исечена и на оригиналот се гледа и крв. Но, ова не е официјално потврдено.

ischeznale-pa-im-gi-nashle-koskite-i-mornichavi-fotografii-na-aparatot-misterioznata-smrt-na-studentki-od-holandija-08.jpgФотографија направена на 8-ми април со фотоапаратот на девојките

Сосема веројатно е девојките да пробувале да си го осветлат патот во темницата со помош на блицот, но ни ова не е потврдено.

По ова откритие, надлежните почнале да пребаруваат долж брегот на реката каде што бил најден ранецот.

И, набрзо потоа, на само неколку километри од ранецот, биле најдени шорцовите на Крис.

ischeznale-pa-im-gi-nashle-koskite-i-mornichavi-fotografii-na-aparatot-misterioznata-smrt-na-studentki-od-holandija-05.jpgФотографија направена на 8-ми април со фотоапаратот на девојките

Според некои гласини, шорцовите биле пронајдени уредно здиплени.

По два месеца трагање, било направено најморничавото откритие – биле најдени карлична коска, како и чизма со стапало во неа.

ischeznale-pa-im-gi-nashle-koskite-i-mornichavi-fotografii-na-aparatot-misterioznata-smrt-na-studentki-od-holandija-06.jpgПронајденото стапало

Набрзо потоа, покрај брегот на реката биле најдени 33 расфрлани коски кои со ДНК анализа се докажало дека се на девојките.

На коските на Лисен уште имало остатоци од кожа, но коските на Крис биле избелени.

Односно, коските на Лисен биле во нормална фаза на распаѓање, но оние на Крис веројатно биле третирани со нешто.

ischeznale-pa-im-gi-nashle-koskite-i-mornichavi-fotografii-na-aparatot-misterioznata-smrt-na-studentki-od-holandija-09.jpgФотографија направена на 8-ми април со фотоапаратот на девојките

Експертите заклучиле дека дефинитивно не станува збор за диво животно, но по бројни испрашани луѓе од областа, тие до денес немаат одговор за трагичната судбина на девојките.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Фотографии кои ќе ве натераат да кажете „Ах, ова е Италија“ Тераса во облик на чаша вино, па каде ако не во Италија? Ренесансни скулптури им...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
Најозлогласените и најмоќните наркобосови во светот (кои ги засенува една жена) Можеби мажите се оние кои доминираат во светот на криминалот, но ниту еден од ни...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg