Најозлогласените и најмоќните наркобосови во светот (кои ги засенува една жена)

Можеби мажите се оние кои доминираат во светот на криминалот, но ниту еден од нив не се споредува со озлогласената Гризелда Бланко која ги убивала своите противници на среде бел ден.

najozloglasenite-i-najmokjnite-narkobosovi-vo-svetot01.jpg

Сите сме слушнале за Пабло Ескобар кој своевремено бил најмоќниот и најбогатиот наркобос во светот. Но, тој не е единствениот криминалец кој се истакнувал со својата суровост и со своите злодела.

Покрај добропознатиот Ескобар и Ел Чапо, кои други наркобосови се сметаат за едни од најмоќните?

Мигуел Ангел Феликс Галардо

Познат и како El Padrino (кумот), Мигуел е основач и лидер на Guadalajara – првиот голем картел од Мексико.

Најмоќен бил во 1970-тите и 1980-тите, а неретко соработувал и со Пабло Ескобар.

Своевремено, неговиот картел бил еден од најмоќните во светот, а Мигуел имал огромно влијание и врз властите – редовно ги поткупувал, но и им се заканувал за да не му наштетат на неговиот бизнис со дрога.

najozloglasenite-i-najsurovite-narkobosovi-vo-svetot-02_copy.jpg

Тој продолжил да го води картелот дури и по неговото апсење во 1989 година.

Интересно е што тој бил уапсен за убиството на американски агент, а не поради бројните прекршувања на законот.

Сепак, на судењето биле изнесени бројни докази против него, по што добил 40-годишна, а потоа и 37-годишна казна затвор.

Бил преместуван во неколку затвори, а поради сериозни проблеми со здравјето, во 2022-ра бил пуштен во куќен притвор.

najozloglasenite-i-najsurovite-narkobosovi-vo-svetot-03.jpg

Амадо Карило Фуентес

Амадо, кој починал во 1997-ма, шверцувал кокаин од Мексико во САД, и тоа повеќе од кој било друг наркобос.

Со ова, стекнал богатство од над 25 милијарди долари.

Бидејќи дрогата ја пренесувал со помош на негови приватни авиони, бил нарекуван и „Господар на небото“.

najozloglasenite-i-najsurovite-narkobosovi-vo-svetot-05.jpg

Тој бил дел од картелот Gudalajara што го спомнавме претходно, а подоцна, неколку месеци пред неговата смрт, основал и свој картел.

Смртта на Амадо е вистинска иронија – обидувајќи се да избега од властите, тој направил пластична операција со која сакал целосно да си го промени ликот.

Но, наводно настанале компликации, по што починал.

Сепак, постојат гласини дека Амадо ја лажирал својата смрт за полесно да избега со новиот идентитет и новото лице.

najozloglasenite-i-najsurovite-narkobosovi-vo-svetot-04.jpg

Маркос Вилианс Хербас Камачо

Маркос, попознат како Маркола, е лидер на најголемата криминална организација во Бразил.

Почнал да се занимава со криминал на само 9-годишна возраст, а додека да наполни 35 години, веќе поминал цела деценија во затвор.

Самиот тврди дека додека бил во затвор, прочитал над 3.000 книги.

najozloglasenite-i-najsurovite-narkobosovi-vo-svetot-07.jpg

Кога станал лидер на криминалната организација, самиот ги нарачал убиствата на претходните лидери.

Пoкрај шверцот на дрога, убиствата и кражбите, Маркола бил одговорен за 29 затворски бунтови низ Бразил, а бил одговорен и за убиството на бразилски судија.

Моментално, 55-годишниот криминалец отслужува 232-годишна затворска казна.

najozloglasenite-i-najsurovite-narkobosovi-vo-svetot-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
Добил смртна казна на 16 години, мислел дека е 500-годишен вампир – Бизарниот случај на Род и негови... На 16 години, Род од САД станал лидер на култ и ги убедувал членовите дека самио...
7 ситници за кои гостите ќе ви замерат (но нема да ви ги кажат во лице) За влакната од милениците на мебелот, за тоа што ги „криете“ од нив слатките кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg