Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Сопруги на познати лидери на култови, кои биле исто злобни колку сопрузите

Бони Нетлс

Бони Нетлс била убедена дека комуницира со свештеник кој живеел во 19-ти век, а тврдела и дека има визии за пропаста на светот.

Во 1972-ра го запознала сопругот Маршал Еплвајт, кој имал слични верувања како неа, па заедно почнале да го проповедаат нивното „учење“.

soprugi-na-poznati-lideri-na-kultovi-koi-bile-isto-zlobni-kolku-sopruzite-06.jpgБони Нетлс

Многу луѓе почнале да ги следат, па со текот на времето парот го основал култот Heaven’s Gate.

Таа починала во 1985-та, а нејзината смрт имала огромно влијание врз следбениците.

Тие почнале да веруваат дека телото е само „вселенски брод за душата“, па со цел да се „ослободат“, по наредба на Маршал, 39-те членови извршија масивно самоубиство во 1997-ма.

soprugi-na-poznati-lideri-na-kultovi-koi-bile-isto-zlobni-kolku-sopruzite-07.jpgБони со сопругот

Мери Сју Хабард

Мери Сју беше сопруга на Рон Хабард – основачот на скиентолошката црква.

Тие се венчале во 1952-ра, кратко откако Мери останала бремена.

Во 1960-тите во САД почнаа да се појавуваат гласини за скиентолошката црква кои кулминираа со истрага на ФБИ во канцелариите на црквата.

Истрагата покажала дека постоела цела операција под водство на Мери која имала за цел да ја „спаси црквата од нејзините непријатели“.

soprugi-na-poznati-lideri-na-kultovi-koi-bile-isto-zlobni-kolku-sopruzite-08.jpgМери и Рон

Не е познато што точно имало во најдените документи, но наводно Мери имала план да им наштети не само на владини агенции и институции, туку и на лица кои работеле во владата.

Таа доби 5-годишна казна затвор за правење заговори против американската влада, а требаше да плати и 10.000 долари.

Нејзиниот сопруг, пак, успеа да се скрие и го помина животот настрана од очите на јавноста.

Мери почина во 2002-ра од рак на дојка.

soprugi-na-poznati-lideri-na-kultovi-koi-bile-isto-zlobni-kolku-sopruzite-09.jpgМери и Рон со нивните деца

Томоко Мацумото

Томоко беше сопруга на Шоко Асахара – лидерот на јапонски култ кој организира напад во токиското метро во 1995-та.

Нападот со гас резултираше со 14 жртви и над 1.000 повредени.

Иронијата во бракот на Шоко и Томоко е тоа што Томоко се вљубила во него бидејќи тој бил против насилство од секаков вид.

Се венчале во 1978-ма и добиле два сина и четири ќерки.

soprugi-na-poznati-lideri-na-kultovi-koi-bile-isto-zlobni-kolku-sopruzite-10.jpgТомоко и Шоко

Но, во 1985-та менталното здравје на Шоко почнало да се влошува, неговите учења се промениле, а сето ова резултираше со трагедијата во Токио.

Томоко доби шестгодишна казна затворот за нападите, но до последно тврдеше дека немала никаква врска со нив.

Во 2002-ра, таа беше ослободена од затвор и си го промени името.

Се претпоставува дека моментално живее со нејзиниот најмлад син.

soprugi-na-poznati-lideri-na-kultovi-koi-bile-isto-zlobni-kolku-sopruzite-11.jpgШоко Асахара

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
Мачеле, силувале и си ги убивале сопствените деца - жени кои извршиле монструозни злосторства Овие жени не биле само убијци, тие сееле зло и ширеле страв и ужас каде и да оде...
10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg