„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери

„Ме запроси, па ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, зафатено’,“ вели корисничка на Редит, една од многуте кои ги одбиле предлозите за брак на своите момчиња.

nema-da-se-omazham-za-tebe-8-zheni-otkrija-zoshto-gi-odbile-svoite-partneri-01.jpg

Понекогаш предлогот за брак доаѓа во погрешно време (јавно место, премногу луѓе, лошо расположение), понекогаш жената не е подготвена да се омажи, а понекогаш, колку и мажот да мисли дека ја нашол вистинската, таа да не е сигурна дека тој е господинот совршен за неа.

Па, понекогаш наместо да рече „ДА“, жената вели: „Нема да се омажам за тебе“.

8 жени преку Редит открија зошто го одбиле предлогот за брак:

„Бев само 6 месеци во врска кога мојот дечко, кој беше 10 години постар од мене, ненадејно ме запроси.

Немав многу врски пред него, но знаев дека не треба да прифатам само затоа што некој ме побарал за жена.

Брзо по ова раскинавме, а јас сфатив дека дишам полесно и дека тој ме гушел со своето однесување и претерано внимание“.

„Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, зафатено’.

Мислеше дека тоа е одличен начин за никој да не ми се приближи, а ни јас да не помислувам да го изневерам. Му реков НЕ“.

„Без да знам го продал прстенот од прабаба ми за да купи блескав дијамантски прстен.

Јас сакав да ме побара со семејниот прстен кој се пренесува на 4 генерации и кога го прашав за мојот стар прстен, тој го опиша како ‘грдосија’.

Него го оставив, а од заложната куќа си го откупив стариот прстен назад“.

„Поранешниот дечко го контролираше секој мој чекор, а неговите родители мислеа дека ќе го оставам, па ми поставија замка.

Ме поканија на семејно патување и не знаев дека дечко ми ќе ме запроси пред сите, затоа што мислеше дека нема да го одбијам.

За среќа, сестра му која ме мразеше и не сакаше да станам дел од семејството, ми кажа што планира, па го оставив без грижа на совест“.

nema-da-se-omazham-za-tebe-8-zheni-otkrija-zoshto-gi-odbile-svoite-partneri-02.jpg

„Двапати го одбив мојот сопруг пред да прифатам кога ме запроси третиот пат.

Мислев дека сум млада, незрела и дека нема да бидам добра сопруга.

За среќа, тој беше упорен, а ние сме веќе 30 години во брак“.

„Бевме кратко време во врска пред тој да клекне на колено во ресторан и да ме побара за сопруга.

Реков ДА за да не го засрамам, но брзо потоа му кажав дека нема да се омажам за него.

Најлошото е што кога ми го даде прстенот во ресторанот, извади и предбрачен договор и банкарска сметка за да ми покаже колку е, всушност, богат“.

„Дечкото ми раскина, но по месец и пол без никаков контакт, дојде да ме бара за сопруга.

Не ни почекав да клекне на колено, му реков НЕ и засекогаш се ‘откачив’ од него“.

„Имав 20, а дечко ми 22 години кога ме побара за сопруга. Бевме заедно само 6 месеци, а тој буквално за сè бараше одобрување од пријателите, па нормално дека му реков НЕ.

Потоа дознав дека се оженил со девојка со која бил во врска само еден месец. Брзо потоа се развеле, а тој е оженет вторпат“.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Прашувам за пријател: Само што се вратив од болница, а сопругот очекува да му готвам и да го служам ... „Првото утро кога се вратив дома, чекаше јас да станам да сварам кафе и да ги на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg