Девојче со ретка болест изгледа како мала кукла - Прогнозирале дека ќе живее една година, а сега има 16

Според нејзината мајка, Ема Гарсајд, Шарлот е воин и шампион кога треба да прифати сѐ што носи нејзината состојба.

Девојчето поминало низ многу лекарски прегледи, тестови и скенирања и сето ова време било многу храбро.

doktorite-prognozirale-deka-ke-zivee-samo-edna-godina-najmaloto-devojce-na-svetot-denes-ima-16-godini-04.jpg

Малата Шарлот многупати покажала дека прогнозите на нејзините лекари не се посилни од нејзината волја за живот.

Тие мислеле дека таа нема да живее подолго од една година, но летово го прослави 16-тиот роденден.

Досега чекори храбро низ животот, а нејзиното семејство е среќно што таа е дел од нивните животи.

doktorite-prognozirale-deka-ke-zivee-samo-edna-godina-najmaloto-devojce-na-svetot-denes-ima-16-godini-05.jpg

Мајка ѝ Еми за медиумите многупати има изјавено дека уште кога се родила, знаела дека нејзината ќерка е посебна.

Во основно училиште развила остроумност, а нејзиниот бистар ум и моќ на забележување дошле до израз.

„Можеби изгледа како кукла, но е направена од цврсти материјали. Таа сака да трча низ куќата и да си игра со нас.

Луѓето што првпат ја гледаат се плашат дека ќе ја скршат ако ја допрат, но таа е прилично темпераментна и ни минута не седи мирно“, открива нејзината постара сестра.

doktorite-prognozirale-deka-ke-zivee-samo-edna-godina-najmaloto-devojce-na-svetot-denes-ima-16-godini-06.jpg

На сите фотографии објавени на Фејсбук, Шарлот е насмеана, а она што особено ја краси е нејзиниот позитивен однос кон сѐ.

Под нејзините фотографии има многу коментари дека токму оваа необична девојка го прави овој свет многу поубав.

С. Ш. | Црнобело / фото: Фејсбук



Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...
7 ситници за кои гостите ќе ви замерат (но нема да ви ги кажат во лице) За влакната од милениците на мебелот, за тоа што ги „криете“ од нив слатките кои...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg