Девојче со ретка болест изгледа како мала кукла - Прогнозирале дека ќе живее една година, а сега има 16

Девојчето кое по раѓањето тежело само 30 грама и било долго 25 сантиметри, денес е бестрашна млада дама која и понатаму им пркоси на лошите прогнози на лекарите. Таа има исклучително ретка болест поради што на 16 години изгледа како мала кукла.

devojche-so-retka-bolest-izgleda-kako-mala-kukla-prognozirale-deka-kje-zhivee-edna-godina-a-sega-ima-16-01.jpg

Шарлот Гарсајд е 16-годишна млада дама која храбро им пркоси на сите лекарски прогнози, а нејзиниот живот е импресивен уште од првиот ден.

Уште со доаѓањето на овој свет во 2007 година, покажала дека е исклучително борбена.

Се родила тешка само 30 грама, а долга 25 сантиметри.

doktorite-prognozirale-deka-ke-zivee-samo-edna-godina-najmaloto-devojce-na-svetot-denes-ima-16-godini-02_copy.jpg

Нејзините родители Ема Њуман и Скот Гарсајд со нетрпение очекувале на свет да дојде нивното четврто дете.

Сè одело како што треба и семејството било во исчекување на новиот член, сè додека не се случило нешто непредвидено.

Имено, Ема се породила 4 недели пред терминот и родила девојче со ретко нарушување.

Според лекарите, типот на симптоми присутни кај Шарлот никогаш не биле видени заедно кај едно лице. 

Токму затоа експертите ѝ дале и официјално име на болеста.

Тие го нарекле синдромот „примордијална ахондроплазија“, многу ретка генетска форма на ахондроплазија, поради што нејзиното тело се развива многу побавно отколку што би требало.

doktorite-prognozirale-deka-ke-zivee-samo-edna-godina-najmaloto-devojce-na-svetot-denes-ima-16-godini-03.jpg

Нејзините родители веднаш знаеле дека таа ќе биде посебна, дури и да се родела нормално. Кога имала две години, исто како и другите девојчиња, сакала да си игра со кукли Барби, со сѐ што било розово, како и со кадифени играчки.

На 2-годишна возраст достигнала висина од само 58 сантиметри и била премала за да носи големина на облека како нејзините врсници.

Не можела да носи ни облека специјално направена за предвремено родено бебе. Единствената облека што ѝ прилегала била облеката за кукли.

doktorite-prognozirale-deka-ke-zivee-samo-edna-godina-najmaloto-devojce-na-svetot-denes-ima-16-godini-07.jpg

Пред да наполни три години, успеала да порасне доволно за да носи фустанчиња за новороденчиња.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...
7 ситници за кои гостите ќе ви замерат (но нема да ви ги кажат во лице) За влакната од милениците на мебелот, за тоа што ги „криете“ од нив слатките кои...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg