Убил девојка, па отишол на кафе – Морничавите злосторства на Холанѓанецот кој призна вина по 18 години

Пред властите да успеат да го уапсат, Јоран веќе избегал во Перу.

Но, во Перу Јоран извршил уште едно убиство – овој пат, неговата жртва била студентката Стефани Флорес Рамирез.

И тоа, тој ја убил на петтата годишнина од исчезнувањето на Натали.

ubil-devojka-pa-otishol-na-kafe-mornichavite-zlostorstva-na-holangjanecot-koj-prizna-vina-po-18-godini-09.jpgСтефани

Според ABC News, Стефани наводно сфатила дека Јоран ја убил Натали, па тој сакал да ја замолчи.

Јоран безмилосно ја задавил Стефани, а според неговото сведоштво, по убиство отишол на појадок и кафе, каде што размислувал како да се ослободи од телото на девојката.

ubil-devojka-pa-otishol-na-kafe-mornichavite-zlostorstva-na-holangjanecot-koj-prizna-vina-po-18-godini-15.jpgМајката на Стефани на нејзиниот погреб

Неколку дена подоцна, Јоран бил уапсен за убиството на Стефани бидејќи бил единствениот осомничен, а признал вина дури во јануари 2012-та.

Тој период, неговата прва жртва била прогласена за мртва, иако нејзиното тело не било пронајдено.

Судењето на Јоран се одржало во Перу, каде што добил 28-годишна затворска казна за убиството на Стефани.

По ова, веднаш бил пренесен во затвор со максимално обезбедување.

ubil-devojka-pa-otishol-na-kafe-mornichavite-zlostorstva-na-holangjanecot-koj-prizna-vina-po-18-godini-14.jpg

Во 2021 година, Јоран бил фатен како шверцува кокаин во затворот во Перу. Имено, тој имал цела операција и продавал кокаин дури и надвор од затворот преку неговите контакти.

По ова, му биле додадени уште 18 години на затворската казна.

ubil-devojka-pa-otishol-na-kafe-mornichavite-zlostorstva-na-holangjanecot-koj-prizna-vina-po-18-godini-03.jpg

Во 2014-та, пак, Јоран и се венчал со жена која ја запознал во затворот. Жената понекогаш го посетувала затворот и внатре продавала разни работи, па така и се сретнале.

Истата година, тие добиле и дете.

ubil-devojka-pa-otishol-na-kafe-mornichavite-zlostorstva-na-holangjanecot-koj-prizna-vina-po-18-godini-16.jpgСопругата на Јоран фотографирана пред затворот, на денот на венчавката

Во јуни годинава, Јоран беше пренесен од Перу во САД. Овде му судеа за изнудување пари од мајката на неговата прва жртва – Натали.

На почетокот, Јоран тврдел дека е невин.

Но, на 18-ти октомври годинава, Јоран се согласил да зборува по што призна дека ја претепал Натали на плажа во Аруба.

Наводно, смртоносниот удар ѝ го нанел со тула, а телото ѝ го фрлил во океанот.

ubil-devojka-pa-otishol-na-kafe-mornichavite-zlostorstva-na-holangjanecot-koj-prizna-vina-po-18-godini-05.jpg

Според неговото сведоштво, кога со Натали отишле на плажата тој сакал да имаат секс, па почнал да ја допира.

Натали му рекла да престане, но тој инсистирал и продолжил да ја допира по телото, по што таа го удрила. Тогаш тој ја удрил силно по лицето.

Натали изгубила свест, а кога Јоран ја здогледал тулата покрај неа, почнал да ја удира со неа. Потоа ѝ го фрлил телото во океанот и си заминал дома.

По судењето Јоран доби уште 20-годишна затворска казна, а најверојатно остатокот ќе го отслужува во затвор во САД.

ubil-devojka-pa-otishol-na-kafe-mornichavite-zlostorstva-na-holangjanecot-koj-prizna-vina-po-18-godini-12.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg