Убил девојка, па отишол на кафе – Морничавите злосторства на Холанѓанецот кој призна вина по 18 години

Јоран ван дер Слут од Холандија неодамна призна дека убил 18-годишна девојка, цели 18 години по нејзиното исчезнување. Сакајќи да ги прикрие доказите, потоа ладнокрвно убил уште една девојка, а по убиството отишол на појадок и кафе, како да не се случило ништо. Што знаеме за суровиот убиец?

ubil-devojka-pa-otishol-na-kafe-mornichavite-zlostorstva-na-holangjanecot-koj-prizna-vina-po-18-godini-01.jpg

Јоран ван дер Слут е убиец од Холандија кој веќе отслужува затворска казна за свирепо убиство, а неодамна призна дека е виновен за смртта на уште една жртва.

До неодамна, Јоран беше во затвор во Перу, а во јуни годинава беше префрлен во САД. На тамошното судење, Јоран призна дека ја убил Натали Холовеј – девојка која се водеше за исчезната уште од 2005 година.

ubil-devojka-pa-otishol-na-kafe-mornichavite-zlostorstva-na-holangjanecot-koj-prizna-vina-po-18-godini-06.jpg

Што знаеме за суровиот убиец?

Јоран е роден во 1987 година во холандскиот град Арнем.

Во 1990 година, со семејството се преселиле во Аруба, а овде Јоран се истакнал како ученик во приватното училиште во коешто учел.

Во школските денови, Јоран играл и тенис и фудбал и наводно планирал да се посвети на спортот.

ubil-devojka-pa-otishol-na-kafe-mornichavite-zlostorstva-na-holangjanecot-koj-prizna-vina-po-18-godini-13.jpgЈоран во Аруба во 2007-ма

Но, иако навидум бил совршен син и ученик, подоцна неговата мајка изјавила дека тој честопати лажел, а имал и навика навечер да се искрадува од дома за да оди по казина.

Првата жртва на Јоран била Натали Холовеј, чие убиство тој го призна дури во октомври годинава.

Јоран и тогаш 18-годишната Натали се запознале во мај 2005-та. Натали била на одмор во Аруба каде што со пријателите го славела матурирањето.

ubil-devojka-pa-otishol-na-kafe-mornichavite-zlostorstva-na-holangjanecot-koj-prizna-vina-po-18-godini-04.jpgСнимка од безбедносна камера од Натали ноќта пред да биде убиена

Тие ја поминале вечерта заедно во бар и во казино, а по затворањето на локалот, Натали била забележана како влегува во автомобил со Јоран.

Оттогаш ѝ се губи секаква трага.

Со Натали и Јоран имало уште две момчиња кои биле браќа – 21-годишниот Дипак и 18-годишниот Сатиш.

Околу еден месец подоцна, браќата и Јоран биле уапсени за исчезнувањето на Натали.

ubil-devojka-pa-otishol-na-kafe-mornichavite-zlostorstva-na-holangjanecot-koj-prizna-vina-po-18-godini-07.jpgНатали

Додека браќата биле ослободени околу еден месец подоцна, Јоран останал во притвор. Сепак, браќата повторно биле упасени под сомнение дека учествувале во силување и убиство.

Кога го испрашувале, Јоран изјавил дека ја испратил Натали до хотелската соба. Но, безбедносните камери од хотелот биле доказ дека лаже.

Јоран неколкупати ја менувал својата изјава и ова им било сомнително на надлежните.

Сепак, поради недостаток од докази, браќата и Јоран биле ослободени во септември истата година.

ubil-devojka-pa-otishol-na-kafe-mornichavite-zlostorstva-na-holangjanecot-koj-prizna-vina-po-18-godini-11.jpg

По ослободувањето, Јоран отишол во Холандија каде што се запишал на факултет.

Во 2007 година, повторно бил уапсен за истиот случај, но повторно бил ослободен.

Во 2010 година, Јоран повторно почнал да го привлекува вниманието на надлежните. Имено, тој ѝ се јавил на мајката на исчезнатата девојка и ѝ побарал 250.000 долари во замена за информации за нејзината ќерка.

ubil-devojka-pa-otishol-na-kafe-mornichavite-zlostorstva-na-holangjanecot-koj-prizna-vina-po-18-godini-02.jpgНатали и нејзината мајка

Според People, тој ѝ рекол дека ќе ѝ каже каде е скриено нејзиното тело, но и како умрела.

Очајна, мајката на девојката му дала 25.000 долари на Јоран, но не добила никаква информација од него.

ubil-devojka-pa-otishol-na-kafe-mornichavite-zlostorstva-na-holangjanecot-koj-prizna-vina-po-18-godini-08.jpgМајката на Натали

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg