„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти

„Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се чинеше дека нема ја измиено со месеци“.

frizeri-spodeluvaat-prikazni-za-najloshite-klienti-koi-gi-imale-vo-nivniot-salon-01.jpg

Покрај тоа што имаат одлична професија, понекогаш фризерите се сведоци на многу непријатни ситуации кои им оставиле траен впечаток во нивната кариера.

Од неизмиена коса, до ужасен мирис, неколку фризери на онлајн форуми споделуваат приказни за најлошите клиенти кои ги имале во нивниот фризерски салон.

Погледнете со што сè се имаат соочено некои фризери:

„На првото место каде што работев, редовно доаѓаа двајца за шишање. И двајцата беа толку многу валкани, што мирисаа многу лошо. Поради тоа што бев многу блиску до нив, очите ми се насолзуваа и ми беше исклучително тешко да дишам, бидејќи мирисот кој го имаа беше неподнослив.

Никогаш не ги вративме назад и секогаш бевме учтиви колку што можевме. Но, нивното шишање изгледаше како да трае три часа“.

„Пред многу време, морав да му ја измијам и кратам косата на тинејџер кој се чинеше дека ја нема измиено косата со месеци. Политиката на салонот во којшто работев беше да се измие косата по шишањето на мажите и мирисот беше ужасен.

Кога се обидов да му ја намокрам косата, водата едноставно му истече од косата поради сето наталожено масло. Имам многу видено за сето време кога работам, но ова беше најлошото искуство“.

„Имаше еден клиент кој имаше навистина лоша псоријаза и ниеден фризер не сакаше да му помогне. Тој исто така беше многу засрамен, па направивме договор дека може да дојде откако ќе затвориме.

Беше навистина лошо и поголем дел од опремата (чешли, штипки и слично) наместо да биде дезинфицирана, беше фрлена“.

frizeri-spodeluvaat-prikazni-za-najloshite-klienti-koi-gi-imale-vo-nivniot_salon-02.jpg

„Во минатото, мајка ми беше фризерка. Еднаш ми раскажа приказна за човек кој доаѓал и имал измет од птица на и зад главата. Претпоставувам дека не забележал ништо…“

„Еднаш дојде едно младо момче со неговата мајка. Имаше околу 8 години и виткана коса. Мајка му ме замоли да го стрижам целосно. Се согласив зашто тоа ми беше последниот клиент за тој ден и едвај чекав да си отидам дома.

Едвај поминав една третина од косата кога забележав дека под витканата коса имаше многу огромни вошки. Најверојатно затоа и мајка му сакаше да го стрижам целосно. Така, ја прекинав услугата и ги поминав следните 3 часа дезинфицирајќи сè што имав“.

frizeri-spodeluvaat-prikazni-za-najloshite-klienti-koi-gi-imale-vo-nivniot_salon-03.jpg

М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Морничави нерешени мистерии од реалноста кои ќе ве држат будни навечер Во 2019-та, Американката Ели Грин дознала дека мајка ѝ починала во психијатриска...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg