Камења од вселената би можеле да посеат живот

bakteriiСосема е можно да удри астероид во Земјата и притоа да предизвикува катастрофални настани, кои ќе доведат и до истребување на поедини видови организми. Но, како што покажува едно ново истражување, можно е астероид да удри на Земјата и да донесе живот.


Се смета дека астероид од Вселената удрил на Земјата пред 65 милиони години. Ударот ги запалил шумите, а небото над Земјата го покрил со пепел, кој ја блокирал сончевата светлина, што предизвикало заладување на планетата. Во недостаток на сончева светлина вегетацијата изумрела. Накратко потоа, диносаурусите, како и многу други форми на живот, исчезнале.

Фактот дека еден единствен настан може тотално да го промени изгледот на Земјата е застрашувачки. Сепак, едно ново истражување ги поддржува долготрајните претпоставки дека удар од астероид би можел да помогне да се рашири животот низ Вселената.

Карпите кои се исфрлени од Земјата (или било која друга планета на која постои живот), при удар на астероид би можеле да ги заштитат микробите кои живеат во нив, додека рее (лебди на српски, патем) низ Вселената. Потоа, овие карпи би можеле да паднат на површината на друга планета или дури повторно на планетата од која потекнуваат. На овој начин, микробите би можеле да се вратат на нивната првобитна планета и повторно да ја колонизираат површината, откако катастрофалниот ефект од ударот на астероидот поминал.
udar


Организмите може да го преживеат патувањето во орбитата ако поминат низ серијата настани што се опасни по нивниот живот. Самиот удар од астероидот е на прво место. Потоа следи силата која ги исфрла во Вселената. Следи соочувањето со екстремно студената средина, со интензивно зрачење и вакуум (услови кои владеат во Вселената). Најпосле, треба да паднат низ атмосферата, поминувајќи низ екстремен притисок, затоплување и шок од слетување.

Претходните истражувања покажале дека некои организми кои ги населуваат карпите, познати како ендолити, можеби би можеле да преживеат патување низ Вселената и спуштање низ атмосферата на Земјата до површината. Сепак, никој не знае дали овие организми би можеле да го преживеат почетното патување во Вселената.

Неодамна, меѓународен тим истражувачи, воден од Герда Хорнек од Институтот за аеровселенска медицина во Келн, Германија, избра неколку издржливи микроби од Земјата и ги тестираше нивните способности да се возат автостоп на карпи слични на метеорити.

Организмите користени во истражувањето биле бактерии ендоспори, ендолитички цијанобактерии и лишаи. Изборот дава поширок спектар на организми од други истражувања, вклучувајќи не само едноставни бактерии, туку и покомплексни еукариотски организми.

bakterii


Истражувачите ги користеле претходните истражувања на метеорите, кои дадоа информации за големината на силата потребна да се исфрли карпа од голема планета. Користејќи ги овие податоци, истражувачите развиле серии тестови, дизајнирани да ги симулираат овие притисоци на избраните организми.

Смачкувајќи ги карпите кои содржат живот помеѓу метални плочи, истражувачите биле во можност да одредат кои организми се способни да преживеат разни притисоци предизвикани од удар на астероид и исфрлање во Вселената. Начелно, тие откриле дека широк спектар на организми ќе бидат во можност да преживеат удари на Марс или Земјата.

Ова истражување укажува дека сценарио со повторно посејување на живот на површината од некоја планета е можна и тоа со различни организми.

 

извор: Скопско астрономско друштво
www.astronomija.com.mk

Би можело да ве интересира:

„Јас кога сум ти лут, ама пак те сакам“: Забавни илустрации од Том и Џери во кои секој ќе се пронајд... „Кога плачам ама морам да се видам во огледало дали сум убава...“, „Каков с...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
Како да ги изберете вистинските очила (според формата на лицето)? Ако имате овално лице, рамките на очилата треба да бидат широки колку најши...
Бизарниот случај на Шери Папини: Лажела дека е киднапирана за да биде со љубовникот, ја барале 3 сед... Случајот на Шери Папини е можеби најбизарната приказна со киднапирање, и тоа од ...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg