Победете ја топлината: Трикови за брзо освежување

Во овие тропски жештини ви се чини дека ништо не може да ве разлади. Не правете ја најголемата грешка и не седете на место каде што има провев и не влегувајте веднаш под ладен туш.

pobedete-ja-toplinata-trikovi-za-brzo-osvezuvanje-01

Постојат и други начини кои долгорочно ќе ви го дадат чувството на свежина.

1. Спреј од нане - Сварете чај од нане и ставете го да се олади во фрижидер. Кога течноста добро ќе се излади може да додадете малку мраз и претурете ја во шишенце со распрскувач. Прскајте го телото неколку пати во денот, затоа што нането има одличен ефект за разладување за разлика од обичната вода.

2. Чај од хризантема - Се верува дека чајот од хризантема ја намалува телесната температура, без оглед дали надворешната температура е ниска или висока. Тој ги намалува топлотните бранови кои ни пречат во секојдневието.

3. Дишете со завиткан јазик - Звучи смешно, но делува. Завртете го јазикот и полека зимајте воздух. Почекајте неколку секунди, па воздухот испуштете го низ нос. Ова повторете го 10тина пати.

4. Оладете го душекот - Земете вреќичка со леден гел и ставете го на душекот, под чаршавот. Обидете се да постигнете идеален комфор, така што кесичката ќе биде поставена во близина на вашите стапала, вратот или долниот дел на грбот.

5. Разладете го воздухот со вентилатор - Замрзнете неколку шишиња вода и поставете ги пред вентилаторот. Климата заменете ја со освежително задоволство кое од време на време ќе ве почести со влажен, студен ветар.

pobedete-ja-toplinata-trikovi-za-brzo-osvezuvanje-02

6. Алое вера - Општо е познато дека алое верата помага кај изгорениците од сонце, но кремите и лосионите на иста таква база може да ви помогнат да се разладите. Чувајте ги во фрижидер.

7. Зачинета храна - На прв поглед нема логика, бидејќи претерано лутата храна ве тера да се потите, но во тоа е суштината. Некои научници тврдат дека потењето е најефикасниот начин на разладување.

8. Млак туш - Кога сè останато ќе ве изневери, ви останува летното туширање. Ова е најефикасен начин за разладување, но исклучиво ако се туширате со вода постудена од вашето тело за 2 до 3 степени.

Би можело да ве интересира:

Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Добил смртна казна на 16 години, мислел дека е 500-годишен вампир – Бизарниот случај на Род и негови... На 16 години, Род од САД станал лидер на култ и ги убедувал членовите дека самио...
Изберете една тарот карта и дознајте што ве очекува во мај Сонце, свет или тркало на среќата? Тарот картата што ја избравте ќе ви открие шт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg