Како да останете засекогаш млади?

Младоста е нешто незаменливо, а нешто многу брзо минливо. За да не бидете носталгичари по минатото, обидете се со само неколку едноставни чекори да останете засекогаш млади, барем длабоко во себе.

kako-da-ostanete-zasekogas-mladi-01

Ова се најдобрите 10 совети на младоста:

1. Исфрлете ги сите неважни бројки, вклучувајќи ги годините, тежината и висината. Оставете им на докторите да се грижат за тоа, и онака за тоа ги плаќате.

2. Задржете ги веселите пријатели. Мрзливите луѓе само ќе ве влечат надолу.

3. Продолжете да учите. Научите како да ја користите технологијата или пак некој занает кој отсекогаш го сакавте. Никогаш не дозволувајте мозокот да стагнира.

4. Уживајтево едноставните и мали нешта!

5. Смејте се често, долго и гласно. Смејте се додека не останете без здив. И ако имате личност која постојано ве засмева, останете со неа подолго од вообичаено.

6. Солзите се неизбежни, но затоа поднесете ги храбро, тагувајте кратко и продолжете понатаму. Живете со широко отворени очи и максимално отворено срце!

7. Бидете опкружени со она што го сакате, без разлика дали тоа е домашно милениче, музика, спомени, билки, некое хоби. Домот претворете го во удобно катче.

8. Негувајте го своето здравје. Ако е добро сочувајте го, а ако е нестабилно подобрете го.

9. Не одете на патување само кога морате. Прошетајте до најблискиот парк, друг град или друга земја кога и да имате шанса и можност.

10. Кажувајте им на луѓето дека ги сакате - кога и да можете и посакате.

Би можело да ве интересира:

Кул трикови што ќе ви се најдат кога престојувате хотел Испеглајте ја облеката со пареа во бањата, а доколку треба да исперете нешто во ...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
Непријатни промени што мора да ги направите во 20-тите години ако сакате исполнет живот Сите се свесни дека ако сакат да си го подобрат животот, мора да направат некои ...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg