Подгответе: Шарени летни тестенини

Летото често пати ни го оневозможува готвењето во текот на денот, бидејќи за време на жешките денови ретко кога сме гладни. Но, затоа кога ќе залади, во вечерните часови надокнадуваме.

podgotvete-sareni-letni-testenini-01

Ова е една идеја како да подготвите брз и здрав оброк во кој ќе уживате со целото семејство или најблиските пријатели.

Состојки за 4 порции:

  • 100 ml сос за салата, по желба
  • 100 ml јогурт со ниска масленост
  • Ситно сечкан копар
  • 150 g макарони
  • 150 g грашок
  • 1 жолта пиперка, ситно сецкана
  • 1 црвена пиперка, ситно сецкана
  • 75 g кашкавал, сецкан на мали коцки

Подготовка:

Помешајте го сосот, јогуртот и копарот во поголем сад за салата. Сварете ги тестенините како и обично и 3 минути пред да бидат готови, додадете го грашокот.

Во садот за салата додајте ги тестенините со грашок, ситно исецканите пиперки и кашкавал.

Добро промешајте и оладете пред послужување!

Би можело да ве интересира:

Помалку убавите страни на летото, низ 12 забавни илустрации Преку работната недела надвор е сонце, за викенд почнува да врне; лесно можете д...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
Волкот и трите прасиња, Црвенкапа: Пет популарни бајки и поуката што ја научивме од нив Иако можеби како возрасни не им придаваме големо значење, бајките се одличен нач...
Разбиваме митови: Невестата не треба да носи бисери на свадбата, затоа што ќе ѝ донесат солзи Некои веруваат дека колку бисери има на ѓерданот, толку години ќе поминете несре...
15 фото-докази дека Австралија е необично место за живот Австралија е прекрасен континент - убави градби, уникатна флора и фауна, дом на ...
8 работи за кои вреди да дадете повеќе пари, за да заштедите долгорочно На кои работи не треба да штедите кога ги купувате? Погледнете кај кои 8 продукт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg