Направете супер фотографии за време на одморот

а да ги сочувате најубавите моменти од ова летување, научете неколку трикови и спасете се од матните слики кои немаат поента. Запомнете, колку поспонтано е настаната фотографијата, толку е подобра.

napravete-super-fotografii-za-vreme-na-odmorot-01

Ова се останатите трикови на кои треба да внимавате.

За да ги избегнете матните слики, фотоапаратот или телефонот секогаш потпрете го на некој стабилен предмет. Ако сакате да создадете летно ремек дело, стабилноста е многу важна.

Слаба осветленост

Правилото гласи – Сè што можете да видите, можете и да фотографирате. Што значи, ако видливоста е слаба подобро откажете се отколку да користите блиц кој може да додаде чудни сенки и линии. Тоа не значи дека вечерните специјалитети или вкусни коктели нема да може да ги овековечите, само треба да ги поставите на најсветлото место во локалот.

Пронајдете ја најдобрата позиција

Со едноставна промена на позицијата може да откриете потполно нова димензија на еден предмет. Не бидете мрзливи и експериментирајте. Направете 3 фотографии од блиску, 3 од подалеку, неколку од левата страна, уште неколку од десната...

Кога да фотографирате?

Најдобрите фотографии излегуваат во текот на денот, но и 10-15 минути пред заоѓањето на сонцето, кога светлоста е мека. Секогаш сликајте во спротива од сонцето за да ги избегнете непотребните зраци, освен ако тие не ви се дел од замислата.

Најважно е секогаш да бидете подготвени! Фотоапаратот или телефонот секогаш нека ви бидат при рака, бидејќи никогаш не знаете каква фотографија крие некој момент. Може токму тој момент ќе сакате да го овековечите.

Би можело да ве интересира:

Фотографии кои ќе ве натераат да кажете „Ах, ова е Италија“ Тераса во облик на чаша вино, па каде ако не во Италија? Ренесансни скулптури им...
10 фотографии од секојдневниот живот кои ќе ви го стопат срцето „Мојата прабаба, која има 103 години, се смее додека во раце ја држи ќерка ми“, ...
Како да им дадете „втор живот“ на старите перници? Ако имате куче или маче, старите перници може да ги искористите да направите одл...
Непријатни промени што мора да ги направите во 20-тите години ако сакате исполнет живот Сите се свесни дека ако сакат да си го подобрат животот, мора да направат некои ...
Кул трикови што ќе ви се најдат кога престојувате хотел Испеглајте ја облеката со пареа во бањата, а доколку треба да исперете нешто во ...
13 важни правила што треба да ги имате на ум пред да отпатувате во друга земја Во Египет не носете влечки, а во Мексико не влегувајте во тоалетите означени со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg