Овие луѓе се вистинска реткост

Тргнуваме од претпоставката дека сите на одредено ниво сме индивидуални човечки суштества и сме едни единствени, но сепак од друга страна, биолошки гледано, сите сме подеднакво исти.Овие медицински состојби кои ќе ги погледнете во продолжение ќе ве убедат во спротивното и ќе ви докажат дека некои од нас се “составени” по сосема друга шема.

ovie-luge-se-vistinska-retkost-01

Жена која доживува 200 оргазми дневно

Сара Кармен е 24 годишна девојка која пати од синдром на перманентно сексуално надразнување, па затоа во секој момент може да доживее силен оргазам предизвикан од банални нешта. Нејзиниот глас за време на оргазмот се повишува или губи додека збори, но се обидува тоа да го игнорира, тешејќи се дека другите не ја знаат причината за тоа.

ovie-luge-se-vistinska-retkost-02

Човекот кој не чувствува студ

Вим Хоф, познат уште како “леден човек”, без никакви проблеми ги поднесува и најниските температури, бидејќи не чувствува никаков студ. Овој Холанѓанец е како вистински суперхерој - може да плива под мраз, а се искачил и на Мон Блан носејќи само еден пар шорцеви.

ovie-luge-se-vistinska-retkost-03

Девојка алергична на вода

Ешли Морис пати од пореметување кое на латински се вика Aquagenic Urticaria, кој се карактеризира како нешто најболно што може да ви се случи на секој допир со вода. Таа е алергична дури и на својата пот и секој пат кога ќе дојде во допир со течност и се појавува неверојатна алергија. Иако нашите организми во себе содржат 80% вода, нејзината кожа одбива да го прифати тој факт.

ovie-luge-se-vistinska-retkost-04

Може да јаде само Тик Так бомбони

Натали Купер е 17 годишна девојка која може да се храни исклучиво

само со мали, бели бонбони. Сè друго што ќе проба и предизвикува мачнини, повраќање, па затоа овие мали ментол бонбони се единствената храна која организмот и ја прифаќа.

ovie-luge-se-vistinska-retkost-05

Алергија на современата технологија

Повеќето од нас не би можеле да преживеат без модерната технологија и гаџетите кои ни го управуваат животот, но сепак Деби Бирд не се сложува со тоа. Таа е алергична на секаков вид технологија, поточно, и се развива чудна алергија низ целата кожа кога ќе се приближи кон мобилен телефон, компјутер или било каков електричен уред.

ovie-luge-se-vistinska-retkost-06

Детенцето кое не спие

Рет Лемб е како и сите останати дечиња, само што не може да спие. Тој останува буден и ги тероризира своите родители со својата инсомнија и долго не знаеле во што е проблемот. По низа на спроведени тестови, дознале дека ова е ретка медицинска состојба која ја отежнува циркулацијата и апсорбирањето на мозочните течности.

ovie-luge-se-vistinska-retkost-07

Човекот кој не може да се здебели

Може да се каже дека ова е благосостојба, но не и на господинот Пери кој на сите начини се обидува да се здебели. Јаде пити, хамбургери, слатки десерти и сè што е полно со калории, но тежината не се менува. По долго време утврдил дека пати од медицински феномен наречен липодистрофија, заради која неговото тело повеќе согорува калории отколку што тој внесува во текот на еден ден.

ovie-luge-se-vistinska-retkost-08

Паѓање во несвест од смеење

Иако може да ви звучи како супер забава, тоа не и го кажувајте на оваа девојка. Кеј е тинејџерка која боледува од катаплексија која се карактеризира како брза активација на мускулите предизвикана од силни емоции. Тоа може да биде предизвикано од смеење, лутина или пак задоволство кое резултира со онесвестување.

ovie-luge-se-vistinska-retkost-09

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Најморничавата зграда во Њујорк - Џон Ленон бил убиен пред влезот, опседната е од дух на расплакана ... Велат дека во зградата Дакота во Њујорк живеат многу духови, меѓу кои духот на д...
10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...
Верувате ли дека ангел чувар нѐ следи насекаде? Знаци дека е во близина и ве чува Некои луѓе веруваат дека нивниот ангел чувар е духовно суштество кое работи за н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg