10 најдобри раси на кучиња за деца

Иако малите кучиња знаат да бидат неодоливи, често не се најдобар избор за семејства со мали деца. За да бидете сигурни во својата одлука, донесете ја врз база на вашиот карактер и грижата која е потребна за одредена раса за која ќе се одлучите.10-najdobri-rasi-na-kucinja-za-deca-01

Не заборавајте при купувањето на вашето идно милениче детално да се распрашате  за сите детали кои треба да ги знаете за негово правилно одгледување.

За да ви ја олесниме одлуката при изборот, направена е листа од 10 раси на кучиња кои се најдобри за семејства со деца:

1. Булдог

Иако не е најтемпераментно куче, сепак е добро за игра со мали деца на кои им дозволува да го „малтретираат“ , да си играат со него без да се повредат меѓусебно. Многу е послушен, верен и пријателски настроен како кон луѓето, така и кон другите миленичиња во куќата.

10-najdobri-rasi-na-kucinja-za-deca-1


2. Бигл

Иако во минатото се одгледувани како кучиња кои им помагаат на своите газди во ловот, денес претставуваат идеални миленичиња за вас и за вашите деца. Многу се активни и темпераментни, а можат и долго, без престан да си играат со децата. Паметни се и добро расположени. Не се склони кон митарење, но пожелно е редовно да се четкаат.

10-najdobri-rasi-na-kucinja-za-deca-2


3. Мопс

Се сметаат за едни  од најпримерните кучиња кои бараат внимание и издржуваат некој постојано да се занимава со нив. Тие се сметаат за кралски кучиња. Пријателски се настроени, паметни и послушни. Лесно се дресираат, а децата им се омилени пријатели. Имаат тажен израз на лицето, но знаат да ви се радуваат.

10-najdobri-rasi-na-kucinja-za-deca-3


4. Шкотски овчар

Не е чудно што Леси е едно од најсаканите кучиња. Се работи за многу нежна и убава раса која лесно се дресира, што е голема предност за семејства кои дури и немале претходно куче . Шкотскиот овчар одлично се сложува со децата и се однесува заштитнички.

10-najdobri-rasi-na-kucinja-za-deca-4


5. Њуфаундленд

Според грижата и љубовта која ја покажува кон децата, може да се смета за нивна најдобра бебиситерка. Нежен, љубезен и внимателен. Препорачливо е да се чува во куќа со поголем простор. Знаат брзо да реагираат во вонредна ситуација.

10-najdobri-rasi-na-kucinja-za-deca-5


6. Вижла

Можеби не сте чуле за оваа раса. Потребни им се секојдневни физички активности и вежби, па препорачливи се за семејства со повозрасни деца кои поминуваат повеќе време во трчање и игра. Темпераментни се, но и нежни. Паметни се и брзо учат трикови. Најдобро од сè е тоа што речиси воопшто немаат кучешки мирис.

10-najdobri-rasi-na-kucinja-za-deca-6


7. Ирски сетер

Познати се по своите долги црвени влакна, но и по разиграноста и енергичноста. Сакаат да бидат во близина на деца и да си играат. Бидејќи сакаат простор и слобода, одлични се за места со голем двор.

10-najdobri-rasi-na-kucinja-za-deca-7


8. Француска пудла

Препознатлива е по интересната фризура и вештачки обоеното крзно, но тие се многу повеќе  од кучиња само за изложби. Не се митарат многу и добри се за деца со алергии. Таа е многу елегантно и горделиво куче кое при тоа е верно и грижливо. Имаат доволно трпение за да бидат пријатели со вашето дете.

10-najdobri-rasi-na-kucinja-za-deca-8


9. Лабрадор

Ова е една од најпопуларните раси. Тие се разиграни, трпеливи, полни со љубов, заштитнички настроени и верни. Нивниот карактер и интелигенција се соодветни на нивната убавина. Идеално милениче.

10-najdobri-rasi-na-kucinja-za-deca-9


10. Златен ретривер

Не се големи како лабрадорот, но подеднакво се сигурни, паметни и верни. Не се ниту агресивни, ниту плашливи. Многу се трпеливи, што ги прави одлични миленичиња за деца. Иако не се многу брзи и темпераментни, лесно излегуваат на крај со нивниот ритам.

10-najdobri-rasi-na-kucinja-za-deca-10

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Низ илустрации: 10 работи што ги прават продавачите, а го вадат од такт секој купувач Иако продавачите не се тие што ја избираат облеката што се продава во дуќаните, ...
Морничавата приказна за канибалот Алберт Фиш - Тврдел дека гласови го тераат да убива Алберт Фиш е еден од најозлогласените сериски убијци кој бил и канибал. Откако б...
Инцест и блуд, убиства и криминал - Факти за семејството Борџија, едно од најизопачените во светот Ова семејство е синоним за злосторства, скандали и разврат - брат и сестра биле ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg