Дознајте како мачките го гледаат светот наспроти луѓето

Што гледаат мачките? Уметникот Артист Николај Лам се советувал со тројца експерти за хипноза за тоа како мачките го гледаат светот, споредено со луѓето.

doznajte-kako-mackite-go-gledaat-svetot-nasproti-lugjeto-01

Најголемата разлика меѓу она што го гледаат луѓето и она што го гледаат мачките е мрежницата (ретина), внатрешната обвивка на окото која има сетилни клетки, фоторецептори, кои ја менуваат светлината во електросигнали кои процесирани од нервните клетки, се испраќаат до мозокот и се претвораат во слики кои ги гледаме.

Постојат два вида фоторецептори: стапчиња и чунчиња. Стапчињата се одговорни за разликување светлина и темнина и кај мачките ги има во поголем број, затоа тие добро се снаоѓаат и ноќно време. Чунчињата се одговорни за воочување бои и детални предмети и ги има во поголем број кај луѓето, поради што ние можеме да забележиме повеќе бои и детали, за разлика од мачките.

На следните фотографии се претставени перцепциите на луѓето и на мачките, споредбено прикажани. На горниот дел од фотографиите се прикажани перцепциите на луѓето, а на долниот ден на мачките.

Визуелна перцепција

Она што го опфаќа окото кога се фокусира на некоја поединечна точка. Тоа го вклучува она што може да биде забележано пред нас, под нашиот поглед и од страните со што добиваме поширока слика и перцепција на просторот во кој се фокусираме. Додека мачките имаат намалена видливост во перцепцијата споредено со онаа на луѓето.

doznajte-kako-mackite-go-gledaat-svetot-nasproti-lugjeto-1


Визуелна чистина

Се однесува на чистината на погледот. Просечен човек има просечна видлива чистина 20/20. Видливоста на мачките е 20/100 до 20/200, што значи дека мачките треба да бидат на висина од 20 стапки за да видат она што просечен човек го гледа на висина од 100 до 200 стапки. Затоа на долната слика се гледа замагленост.

doznajte-kako-mackite-go-gledaat-svetot-nasproti-lugjeto-2


Перцепција на бои

Постои непотврдено мислење дека мачките не можат да видат ниедна боја, туку само сиви сенки и нијанси. За луѓето се смета дека имаа три вида на чунчиња кои им овозможуваат да гледаат црвена, зелена и сина боја. Визијата на клетките е слична на онаа на луѓето со оштетен вид, кои гледаат бледи бои, не ги разликуваат сите бои или се далтонисти. Според некои истражувања се смета дека и мачките можат да видат сенки и бледи нијанси на сина и зелена, но црвената и розевата нијанса се нејасни. Тие им се јавуваат како зелена боја, а виолетовата ја перцепираат како сина сенка или нијанса.

doznajte-kako-mackite-go-gledaat-svetot-nasproti-lugjeto-3

Тие исто така не можат да ја забележат живоста на боите кои нас ни прават спектакуларен поглед на пејзажите.

doznajte-kako-mackite-go-gledaat-svetot-nasproti-lugjeto-4


Далечина

Мачките не гледаат на далечина, односно сите објекти кои им се оддалечени ги гледаат замаглено. За разлика од нив луѓето кои имаат добар и неоштетен вид можат да препознаат објекти и на многу поголема оддалеченост.

doznajte-kako-mackite-go-gledaat-svetot-nasproti-lugjeto-5


Ноќна перцепција

Мачките не можат да гледаат многу детали и бои, но затоа имаат супер способност за да гледаат во темнина поради големиот број фоторецептори - стапчиња кои се наоѓаат во нивната мрежница и кои се чувствителни на светлина.

doznajte-kako-mackite-go-gledaat-svetot-nasproti-lugjeto-6

Мачките имаат посебен дел зад мрежницата, наречен тапетум кој е задолжен за да ја претстави ноќната визија. Келиите во тапетиумот имаат функција на огледало кое ја рефлектира светлината која минува меѓу стапчињата и чунчињата, што им дава шанса да одберат доволно количество енергија кое им е потребно во темнина. Тоа е она што прави навечер да им светат очите на мачките.

doznajte-kako-mackite-go-gledaat-svetot-nasproti-lugjeto-7

Би можело да ве интересира:

Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Детален приказ: Како гледаат луѓето со разни проблеми со видот? Сте се запрашале ли како гледаат луѓето кои имаат глауком или оние со некои видо...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Навики на луѓето кои мудро ги трошат парите (и затоа се богати), низ илустрации Од мали нозе научиле дека нема потреба да трошат пари на храна што само ќе стои ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg