10 итри изговори кои ќе ве извлечат од работното место уште денес

Сите сме имале по некој здодевен и тмурен ден во кој 8те работни часа изгледаат како најтешката работа во светот. Мислите дека немате како да се извлечете?

10-itri-izgovori-koi-ke-ve-izvlecat-od-rabotnoto-mesto-uste-denes-01

Грешите. Секогаш постои решение, кое понекогаш е во корист на двете страни - ваша и на вашата фирма.

Кога сте нерасположени потполно сте неспособни за она што го работите, па затоа кога следен пат ќе се разбудите со помисла „Што да направам за да останам дома?“ еве ви неколку предлози.

Изговорите секогаш може да ве извлечат брзо и ефикасно од канцеларијата, само внимавајте да не искористите некој од најчесто користените, затоа што ќе има спротивен ефект.

Еве неколку итри предлози кои ретко се слушаат:

1. Вашиот сосед се јавил затоа што водоводот пукнал, па сега целиот таван ви е поплавен.

2. Синоќа јадевте нешто превкусно, но денес никако не можете да стоите на нозе, ви се врти, ви се лоши...

3. Вашата сестра/братучедка/блиска пријателка има породилни болки, а нејзиниот сопруг не може да излезе од работното место...

4. Стомачен вирус. Кратко и ефикасно.

5. Бевте во теретана, ама денес тешко дека ќе мрднете од кревет затоа што грбот во чија корист работевте, денес реши целосно да се вкочани.

10-itri-izgovori-koi-ke-ve-izvlecat-od-rabotnoto-mesto-uste-denes-02

6. Женските болки и прегледи секогаш ќе ве извлечат без дополнителни непријатни прашања.

7. Главоболката која веќе 3 дена ја трпите се претвори во мигрена. Сега мора да си одите и да се наспиете.

8. Отсуство препишано од лекар, барем додека не ги добиете резултатите од испитувањето кое го направивте.

9. Очекувате мајстори кои треба да поправат нешто во вашиот дом. Штом ќе завршат и вие ќе се појавите, а затоа што тие ќе дојдат околу 11 часот, имате слободен ден!

10. Имате настинато дете\родител\пријател за кој никој друг не може да се грижи, па немате срце да го оставите сам.

Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Изберете една тарот карта и дознајте што ве очекува во мај Сонце, свет или тркало на среќата? Тарот картата што ја избравте ќе ви открие шт...
Крпење чорапи, штиркање - Работи кои сите домаќинки во Југославија ги правеле, а денес не ни паѓаат ... Вриеле облека на шпорет, штиркале, крпеле чорапи... Дали вашите мајки или баби п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg