Знаете ли каде живеат најбогатите жени во светот?

Според најновите податоци, меѓу сите милионери во светот има само 10 отсто жени. Сепак, во сите држави не е еднакво лесно да се биде богаташка во свет каде владеат мажите.

znaete-li-kade-ziveat-najbogatite-zeni-vo-svetot-01

Според резултатите на истражувањето на магазинот „Spear’s“, на тема колкав процент меѓу мултимилионерите во 42 држави им припаѓа на жените, најдобро им е на жените во Португалија. Верувале или не, од сите богаташи во таа земја, дури 23,8 отсто се припаднички на понежниот пол.  Не е лошо ниту на Филипините, каде жените со своето богатство учествуваат со 21 отсто, а Перуанките се на трето место на листата земји.

На крајот на листата од милионерки се наоѓаат  Јапонките со 3,7 отсто , веднаш над нив се и дамите од Саудиска Арабија со 3,8 отсто, а Мексиканките се со 3,5 отсто од вкупниот капитал во својата земја.

За жал, жените од Балканот не влегле на оваа листа, бидејќи или ги нема во доволен процент меѓу најбогатите или нема некои значајни податоци за нивното богатство.

Интересно е тоа што Норвежанките се побогати од Швајцарките, додека процентот на богати Британки е неочекувано мал. Прилично мал процент богаташки опфаќаат и Германките, само 9,6 отсто и Французинките со 8,5 отсто.

znaete-li-kade-ziveat-najbogatite-zeni-vo-svetot-1

Погледнете ја целосната листа:

1. Португалија – 23.8 %

2. Филипини – 21 %

3. Перу – 18.3 %

4. Хонг Конг – 18 %

5. Турција – 17.4 %

6. Израел – 17 %

7. Сингапур – 16.3 %

8. Тајланд – 15 %

9. Шпанија – 13.8 %

10. Италија – 12.5 %

11. Шведска – 12.2 %

12. Чиле – 11.6 %

13. Швајцарија – 11.6 %

14. Велика Британија – 11,4 %

15. Ирска – 11 %

16. Нигерија – 11 %

17. Индија – 10.9 %

18. Финска – 10.8 %

19. Јужна Кореја – 10.7 %

znaete-li-kade-ziveat-najbogatite-zeni-vo-svetot-2

20. Бразил – 10.6 %

21. Данска – 9.7 %

22. Германија – 9.6 %

23. Грција – 9.5 %

24. САД – 9.4 %

25. Канада – 9.2 %

26. Кина – 9.1 %

27. Австралија – 8.8 %

28. Индонезија – 8,3 %

29. Колумбија – 7,1 %

30. Полска – 7 %

31. Малезија – 6.4 %

32. Нов Зеланд – 6,3 %

33. Белгија – 6 %

34. Холандија – 5.9 %

35. Русија – 5.7 %

36. Мексико – 5.3 %

37. Саудиска Арабија – 3,8 %

38. Јапонија – 3,7 %

znaete-li-kade-ziveat-najbogatite-zeni-vo-svetot-3

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Девојчињата ги мажат на 13 години, жените немаат никакви права - Бизарните обичаи на народот Масаи Жените во ова племе служат за градење куќи и одгледување деца и стока, кога не с...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...
Крпење чорапи, штиркање - Работи кои сите домаќинки во Југославија ги правеле, а денес не ни паѓаат ... Вриеле облека на шпорет, штиркале, крпеле чорапи... Дали вашите мајки или баби п...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg