Кои 6 кандидати од „Куќата на судиите“ продолжуваат во „Х – фактор Адриа“?

Вчера се одржа првиот дел од новата фаза на натпреварување, односно „Куќата на судиите“.

koi-se-prvite-6-kandidati-od-kukjata-na-sudiite-koi-prodolzuvaat-ponatamu-01

Во оваа емисија беа прикажани натпреварувачите во куќите на Емина Јаховиќ, која е ментор на момците до 27 години и куќата на Кики Лесендриќ кој е ментор на девојките до 27 години.

Во двете групи имаше по 6 натпреварувачи од кои се избраа само по 3 кои продолжуваат понатаму.

Она што беше интересно е што момците најпрво имаа можност, на покана на Емина да го посетат нејзиниот дом во Истанбул и да прошетаат низ градот.

Таму ги вежбаа и своите песни, но настапите и одлуките сепак беа донесени во Белград.

Момците беа воодушевени од нејзиното гостопримство и од градот, па какао благодарност и тие ѝ подарија 6 ружи, кутија со чаша за кафе, сложувалка и слика на која се заедно со неа. Овој нивни гест само ја отежна нејзината одлука, со оглед и на нивното пеење.

На секој од судиите при преслушувањето на кандидатите им помагаше по еден странски гостин кој има вакво искуство.

Емина го избра својот сопруг Мустафа Сандал, кој е познат музичар и продуцент, а има учествувано и победено како судија на слично натпреварување „The voice“.

koi-se-prvite-6-kandidati-od-kukjata-na-sudiite-koi-prodolzuvaat-ponatamu-4

Прв меѓу натпреварувачите на Емина беше рокерот Милош Бајат кој имаше многу моќен и емотивен настап, но не помина во следната фаза.

Вториот натпреварувач беше фотографот Стефан Коковиќ, кој исто така не помина во следната фаза.

Трет кој настапи е препознатливиот Петар Јојиќ – Перчоли, кој иако воодушеви со својот глас, сепак во секоја негова изведба се препознава Здравко Чолиќ, поради што и тој не помина во следната фаза.

Оние тројца од групата на Емина кои продолжуваат во следната фаза на настапите во живо се: 14 – годишниот Харис Ќато, Алекса Перовиќ кој Емина специјално го побарала од групата со бендови и направила замена. Трет кој поминува во следната фаза е Лукијан Ивановиќ.

koi-se-prvite-6-kandidati-od-kukjata-na-sudiite-koi-prodolzuvaat-ponatamu-2

Во куќата на Кики Лесендриќ, помошник судија беше познатиот водител на BBC радио 1, Skott Millis.

Девојките навистина беа импресивни и успеаја да ги освојат симпатиите на Скот, иако повеќето пееја на српски и тој не разбираше ниту збор, но според реакциите, навистина го допреа нивните изведби.

koi-se-prvite-6-kandidati-od-kukjata-na-sudiite-koi-prodolzuvaat-ponatamu-3

Прва настапи Александра Брковиќ, која имаше навистина емотивен настап. Иако Кики како забелешка при одлучувањето ѝ забележа дека треба да внесе уште повеќе емоции, сепак таа помина во следната фаза.

Втора настапи Кристина Вуковиќ која има убава боја на гласот, но сепак не се истакна со изведбата на песната и не помина во следната фаза.

Трета настапи малата Илма Карахмет, која и овојпат, како и на првата аудиција воодушеви со својот глас и изведба. Без сомнение, иако е премногу мала за вакво големо натпреварување, продолжува во следната фаза на настапите во живо.

Како четврта настапи Катарина Јовановиќ, која има речиси „црнечка“ боја на глас, што е ретко на овие простори, но од друга страна тоа ја ограничува на одреден тип песни, но тоа не е она што се бара. Затоа Катарина не продолжува во следната фаза.

Комплетен настап имаше петтата натпреварувачка Александра Секулиќ, која покрај танцувањето овојпат покажа многу повеќе и во изведбата на песната, за разлика од првата аудиција. Сепак, Кики и Скот сметаа дека подобро е да продолжи сама со својата кариера.

Шеста и последна натпреварувачка беше Тамара Милановиќ, која на првата аудиција ја расплака Емина Јаховиќ со својата изведба. Овојпат имаше повесела песна и многу повеќе трема, но сепак судиите го препознаа квалитетот во неа и сметаа дека е дијамант кој допрва треба да се обликува и заслужува шанса за понатаму.

Три натпреварувачки кои продолжуваат од групата на Кики Лесендриќ се: Александра Брковиќ, Илма Карахмет и Тамара Милановиќ.

koi-se-prvite-6-kandidati-od-kukjata-na-sudiite-koi-prodolzuvaat-ponatamu-1

После сите настапи и одлуки за овие две групи, шесте избрани сигурно продолжуваат понатаму, а вие, публиката и гледачите имате можност со гласање да вратите еден од исфрлените момци до 27 години и една од девојките до 27 години.

Важно:

Кликнете на сликата подолу која ќе ве одведе до официјалната фан страница на „Х – фактор Адриа“, а таму отворете ја апликацијата на Raiffesisen Club каде ќе слушнете нови песни на исфрлените кандидати за кои може да гласате и некому да овозможите, сепак да продолжи во следната фаза.

koi-se-prvite-6-kandidati-od-kukjata-na-sudiite-koi-prodolzuvaat-ponatamu-5

Погледнете ги едни од најемотивните настапи на најмалите кандидати Илма Карахмат и Харис Ќато

Одберете го вашиот фаворит.

Би можело да ве интересира:

Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Жените му биле секс робинки, ги жигосувал со неговите иницијали – морничавиот култ на Кит Раниер Криејќи се зад семинари за личен развој, Кит Раниер направил култ во кој ги експ...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg