Направете сами: Креативен лустер за љубителите на вино

Желбата за уникатност, креативноста и вештината може да направат одличен спој на идејата и реализацијата. Секогаш може да најдете начин за да направите нешто различно од она што веќе го имате.

napravete-sami-kreativen-luster-za-ljubitelite-na-vino-1

Искористете ја својата имагинација и дел од нашите идеи и совети за да му дадете поинаков лик на вашето секојдневие.

Доколку сте љубители на вино, вашата трпеза е доволно пространа и верувате дека ефектен лустер дополнително би ја направил впечатлива, ова е еден несекојдневен детаљ во вашиот дом или вински ресторан - лустер од вински шишиња.

Поради специфичноста во изработката и просторот кој го зафаќа можеби најидеално место му е во винарии и ресторани, но доколку сте вистински вљубеници и доволно храбри, може да го направите и за во вашиот дом.

Само запаметете, доколку немате претходно искуство со електрична енергија или сечење стакло, неопходно е да побарате стручна помош.

Потребно е да извлечете кабли како спроводници на енергија, кои се обложени со заштитна обвивка која спречува несакани опасности.

Потребни ви се барем 3 стаклени шишиња кои ќе ги пресечете на половина и ќе го искористите горниот дел, така што низ тесниот отвор на шишето ќе протнете еден од каблите.

На кабелот треба да се поврзе фасонка и на неа да се наврти сијалица. Доколку е добро спроведена електричната енергија, штом ја навртите сијалицата би требало да светне.

Истата постапка треба да ја направите и со останатите шишиња и сијалици. На крајот спојте ги каблите во еден сноп и прицврстете ги. Еве каков резултат ќе добиете:

Би можело да ве интересира:

14 навики кои ни даваат сила и енергија во животот Запознаваме нови луѓе. Ги надминуваме своите стравови. Минуваме време со луѓе ко...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
На кој датум да ја накитите елката за да привлечете среќа во новата година (според верувањата)? Нема правила за тоа кога треба да ја накитите елката. Но, ако ги цените традиции...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Волкот и трите прасиња, Црвенкапа: Пет популарни бајки и поуката што ја научивме од нив Иако можеби како возрасни не им придаваме големо значење, бајките се одличен нач...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg