Колоритен замрзнат замок: Вака Канаѓанин го изненади своето семејство (фото)

Канада веќе подолго време е зафатена од екстремно ниски температури кои се спуштаа и до 20 степени под нулата, а многумина не смееја да ги напуштат своите домови.

koloriten-zamrznat-zamok-vaka-kanaganin-go-iznenadi-svoeto-semejstvo-foto-01

И додека сите уживаа во топлината на своите домови, еден жител на Онтарио решил да излезе надвор и да ја реализира својата креативна идеја.

Првиот ден, тој ги извадил сите пластични кутии од дома и ги наполнил со вода. Потоа, водата ја обоил со прехрамбена боја, а садовите ги оставил да се замрзнат на минусните температури.

koloriten-zamrznat-zamok-vaka-kanaganin-go-iznenadi-svoeto-semejstvo-foto-02

За само 4 недели Канаѓанинот замрзнал голем број на коцки, а неговата жена започнала да се грижи затоа што баш тие им го блокирале патот кон домот. Но, тоа не го спречило да продолжи со проектот кој го започнал.

Сѐ додека не започнал да ѕида, никој не разбрал што се случува. Сепак, по само неколку часа конструкцијата започнала да го добива посакуваниот облик.

koloriten-zamrznat-zamok-vaka-kanaganin-go-iznenadi-svoeto-semejstvo-foto-03

Така настанала оваа прекрасна тврдина која ги израдува сите соседи и целото семејство на креативниот сопруг и татко.

Замислете си ваква зимска забава во замрзнат дворец:

Би можело да ве интересира:

Што открива уредувањето на домот за вашиот карактер? Домот открива многу нешта за личноста којашто живее таму. Сепак, секој од нас си...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...
Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg