Суеверија за бременоста: Во Турција трудниците не смеат да гледаат мечки, а во Ирска не смеат да одат нa гробишта

Суеверијата поврзани со бременоста постојат насекаде низ светот. Потекнуваат веројатно уште откако луѓето почнале да комуницираат.

sueverija-za-bremenosta-vo-turcija-ne-smeat-da-gledaat-mecki-a-vo-rusija-mora-da-gi-otkrijat-iminjata-na-site-poranesni-ljubovnici-01

Најчесто суеверијата се некои лажни верувања со кои се објаснуваат некои постапки и случувања за кои немаме порационално размислување.

Бременоста е посебна состојба во која се случуваат различни промени, има различни случаи, па луѓето од различни земји и култури имаат посебни суеверија поврзани со текот на бременоста.

Некои од нив се навистина чудни и смешни:

1. Во Турција жените додека се бремени не смеат да гледаат мечки, мајмуни или камили.

2. Во Кина се верува дека користењето лепило може да предизвика компликации во бременоста.

3. Еврејките не подготвуваат ништо за детето пред да се роди и не го откриваат името, бидејќи се плашат дека може предвреме да го изгубат.

4. Во Шпанија бремените жени веруваат дека ако не им се исполни некоја желба за јадење, тоа ќе се покаже на детето. На пример, ако на мајката ѝ се јадело јагода, а не добила, тогаш на телото на детето ќе се појави белег во вид на јагода.

5. Во Јамајка се верува дека во собата каде што треба да се породи трудницата мора да има отворена Библија.

6. На Бали трудниците избегнуваат да јадат октопод бидејќи веруваат дека ќе имаат тешко породување.

sueverija-za-bremenosta-vo-turcija-ne-smeat-da-gledaat-mecki-a-vo-rusija-mora-da-gi-otkrijat-iminjata-na-site-poranesni-ljubovnici-1

7. Во Ирска им се советува на трудниците да не ги посетуваат гробиштата бидејќи детето ќе им биде гладно и слабо.

8. Во Русија се верува дека породувањето ќе биде лесно ако трудницата и таткото си ги откријат имињата на сите поранешни љубовници.

9. Во Португалија се верува дека домашните миленици треба да се држат подалеку од трудницата за детето да не биде многу влакнесто.

10. Во Монголија се зборува дека две трудници не смеат да се допрат, бидејќи со тоа може да го променат полот на детето.

11. Во Малта постои верување дека трудниците кои на свадбата имале дожд, ќе им биде лесно породувањето.

12. Во Македонија се верува дека ако трудницата скине некое овошје од туѓ двор, на детето ќе му се појави белег во вид на плодот.

sueverija-za-bremenosta-vo-turcija-ne-smeat-da-gledaat-mecki-a-vo-rusija-mora-da-gi-otkrijat-iminjata-na-site-poranesni-ljubovnici-2

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
Кул трикови што ќе ви се најдат кога престојувате хотел Испеглајте ја облеката со пареа во бањата, а доколку треба да исперете нешто во ...
Навики на луѓето кои мудро ги трошат парите (и затоа се богати), низ илустрации Од мали нозе научиле дека нема потреба да трошат пари на храна што само ќе стои ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg