8 работи кои девојките ги прават без срам со нивните пријателки

Иако машкото пријателство е поискрено и поцврсто од женското, сепак постојат неколку предности кои жените ги уживаат во нивното пријателство за разлика од мажите.

8-raboti-koi-devojkite-gi-pravat-bez-sram-so-svoite-prijatelki-2

Ова се само 8 од работите кои девојките без срам ги практикуваат со своите пријателки.

Кажувате „Те сакам”
Не ви претставува пречка на крајот од телефонскиот разговор да ги изразите вашите чувства со тоа што ќе и признаете на вашата најдобра пријателка дека ја сакате.

Одите заедно во тоалет
Доколку две момчиња одат заедно во тоалет е чудно, но кога две девојки го прават тоа е нормално. Вистинската причина зошто е тоа така е  бидејќи девојките не се срамат да отидат во тоалет со својата пријателка, за разлика од момците.

Си давате навредливи прекари
Можеби тоа се навистина навредливи прекари, но вас не ви сметаат. Дури и ви претставува задоволство додека се навредувате.

Се гушкате
Кога девојката раскинува со момчето бара рамо за плачење, кое нормално ќе го пронајде кај својата најдобра пријателка. Долги сеанси на тешење со чоколадо и гушкање на креветот кое е типично за сите женски се неизбежни.

Користење на истата облека
За разлика од момците, девојките почесто си позајмуваат облека една од друга. Нив тоа не им смета како што им смета на момците.

Зборувате отворено за секс
Вашите најдобри пријателки знаат сè за вашиот сексуален живот и воопшто не ве осудуваат. Зборувате отворено за сексот и вашите желби, за разлика од мажите кои не сакаат да споделуваат многу детали од сексуалниот живот.

8-raboti-koi-devojkite-gi-pravat-bez-sram-so-svoite-prijatelki-4

Си се смеете меѓусебно кога една од вас ќе направи нешто глупаво
Вашата пријателка упорно ја бутка вратата на која пишува влечи, или се сопнала пред сите, а вие како најдобра другарка гласно сте се изнасмеале на нејзиното посрамотување. Таа не ви се лути бидејќи во погоден момент ќе ви врати со иста мера.

Спиете заедно во долна облека
Сте одлучиле да преспиете кај вашата најдобра пријателка. Голема е веројатноста да не носите пижами и не ви претставува никаква пречка да спиете во долна облека покрај неа.

Што правите вие со вашите пријателки?

Би можело да ве интересира:

Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
14 навики кои ни даваат сила и енергија во животот Запознаваме нови луѓе. Ги надминуваме своите стравови. Минуваме време со луѓе ко...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
Девојчињата ги мажат на 13 години, жените немаат никакви права - Бизарните обичаи на народот Масаи Жените во ова племе служат за градење куќи и одгледување деца и стока, кога не с...
Крпење чорапи, штиркање - Работи кои сите домаќинки во Југославија ги правеле, а денес не ни паѓаат ... Вриеле облека на шпорет, штиркале, крпеле чорапи... Дали вашите мајки или баби п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg