Прошетка меѓу облаците: Вакво нешто не сте пробале! (видео)

„Џаспер“ е најголемиот национален парк во канадскиот дел на Камените планини, кој доби нова атракција што сигурно ќе воодушеви многумина.

prosetka-megju-oblacite-vakvo-nesto-ne-ste-probale-video-01

Од овој месец посетителите на националниот парк „Џаспер“ во Канада имаат можност „да одат по облаците“, бидејќи отворена е платформа за набљудување која буквално го одзема здивот и им овозможува на посетителите да одат стотици метри над земјата.

Станува збор за набљудувачка платформа симболично наречена „The Glacier Skywalk“, а изградена е од челик и стакло.

Овој храбар потег чини околу 21 милион американски долари . Конструкцијата е прицврстена за самата карпа од страна на планината и има облик на лак, а поставена е на висина од 274 метри над долината Сунвапт низ која протекува истоимената река.

prosetka-megju-oblacite-vakvo-nesto-ne-ste-probale-video-1

prosetka-megju-oblacite-vakvo-nesto-ne-ste-probale-video-2

Посетителите ќе шетаат по стаклената платформа под која се гледа долината додека одоколу ја имаат глетката на еден од најубавите предели на Канада. Инженерите се одлучиле за искривена платформа со цел да им овозможат на посетителите поголемо уживање од сите страни. Најискривената точка е на оддалеченост од 30 метри од карпата.

Оваа атракција ќе биде отворена за туристите до 19 октомври и се очекуваат над 250.000 посетители во најубавиот период од годината.

Погледнете како изгледа „прошетката низ облаци“:

Би можело да ве интересира:

Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Нуркање со ајкули и уште 19 опасни туристички атракции за „зависници“ од адреналин Дали би се качиле на зиплајн? А, дали би нуркале затворени во кафез покрај ајкул...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...
Како да препознаете отровни змии и како да избегнете напад? Генерално, отровните змии имаат триаголна форма на главата, а неотровните змии и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg