Кај баба е најубаво!

Не е важно дали имате петнаесет, дваесет и пет или триесет години, но кај баба е најубаво, нели? Можеби и кај дедо, но посетата кај баба е посебна. Не се знае причината зошто е посебна, едноставно е.

kaj-baba-e-najubavo-1.jpg

Потсетете се на чувството кога лежите во скутот на вашата баба и таа ве гали по косата. Заедно пиете кафе и разговарате за животот.

За момент се почувствувавте смирено и среќно, нели? Со еден збор згрижено.

Кај баба е најубаво бидејќи само таа може да ни ги пружи следните работи на посебен начин:

Ве тера да јадете и кога не сакате - иако сте јаделе пред да ја посетите, не е возможно да си заминете без да пробате од нејзиниот ручек.

Кафето направено од нејзини раце е послатко - кафето со пријателите, членовите на семејството или партнерот се слатки, не поради вкусот туку поради нивното присуство, но кафето со баба направено од нејзини раце е секогаш најслатко.

Советите за животот се задолжителни - како и секоја баба, сигурно и вашата ви дава совети за животот секогаш кога ќе ја посетите. Не е важно дека истите ги повторува по сто пати, таа е свесна за тоа, но сака да биде сигурна дека нема да ги заборавите кога неа ќе ја нема покрај вас.

Исто и приказните кои започнуваат со зборовите “во мое време” - овие приказни без разлика колку пати вашата баба ќе ви ги прераскаже, секогаш ќе ги ислушате.

Благото е неизбежно - веднаш после ручекот доаѓа благото. Иако вас можеби ви се лоши од презаситеност, неизбежно е да ја пробате нејзината баклава или чоколадо кое го купила специјално за вас.

Исто и парите - без разлика на вашите години, баба секогаш пред заминување ќе ви стави некој денар во џебот, за секој случај, да не ви притребаат...

Долгите прегратки и бакнежи на заминување - сте поминале прекрасен ден во друштво на вашата сакана баба и време е да си заминете. Се сеќавате ли на тие долги прегратки, бакнежи и поздравување со раката во воздухот се додека не го изгубите од видик нејзиниот мил лик?

Сигурно се потсетивте на деновите поминати со вашата баба. Сигурно добивте желба да ја посетите уште денес.

Не се двоумете, сторете го тоа веднаш. Таа нема да биде тука вечно, затоа искористете го секој момент и уживајте во нејзиното друштво, бидејќи како што веќе знаете, кај баба е најубаво!

Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg