Најнов изум: Селфи рака место дечко
За некои може да делува очајно, а за други практично. Селфи - раката е новиот бизарен изум за осамените кои сакаат да патуваат и да се фотографираат како да уживаат во нечие друштво или како некој друг да ги слика.
Направена е специјална вештачка рака, која има функција на држач за мобилен како и помошната издолжена рачка за фотографиите за кои ви треба поголема оддалеченост.
Колку и да изгледа практично, сепак повеќе укажува на тоа дека луѓето наместо да си најдат друштво, доволно е да си ја купат оваа селфи-рака и да патуваат и да се фотографираат сами.
На тој начин само стануваат поосамени, бидејќи доколку мислите дека навистина не ви треба никој, тогаш зошто би сакале на фотографијата да се гледа и „нечија“ рака?
Ова е новиот тренд, а вие одлучете дали ви се допаѓа:
Би сакале да имате една ваква селфи-рака?