7 Трикови со кои ќе изгледате попаметно

Не мора да бидете интелигентни за да изгледате паметно, туку доволно е само да ги практикувате овие 7 трикови...

7-trikovi-so-koi-kje-izgledate-popametno-1

Од начинот на држење на пивото во кафуле па сѐ до начинот на кој се движите, имаат големо влијаение врз целокупниот ваш изглед.

Ако сакате да оставите добар впечаток и да изгледате паметно, следете го ова:

1. Не го држете пивото

Седнете на шанк или на маса, но никако не стојте на страна со пивото во рака. Истражувањата покажале дека луѓето кои држат пиво во рака изгледаат помалку интелигентни, отколку што навистина се.


2. Движете се со иста брзина како и сите останати

Следете ја толпата и вклопете се во неа, така ќе влезете во единството. Доколку се движите побавно, односно побрзо од останатите, луѓето за вас ќе мислат дека сте глупави. Затоа, следете го ритамот.


3. Ставете си очила

Ако не ви требаат со диоптер, тогаш набавете си без, но сепак ставете си. Не е тајна дека и девојките „паѓаат” на момци со очила и обратно, а тука главна улога игра фактот што тие ве прават да изгледате попаметно.

7-trikovi-so-koi-kje-izgledate-popametno-2

4. Употребувајте графикони

Имате состанок на работа или презентирате семинарска на факултет? Употребете графикон. Луѓето повеќе ќе бидат убедени кога вашето истражување ќе го „видат и помирисаат”, а за тоа е совршен графиконот.


5. Зборувајте брзо

Експресниот говор, без паузи, гласно и со самодоверба остава кај другите впечаток дека личноста која зборува има високо ниво на интелигенција. Па, вежбајте дома.


6. Гледајте ги луѓето во очи

Кога гледате некого во очи додека зборува, тоа остава впечаток дека го почитувате, но и дека станува збор за паметен човек кој умее да го следи соговорникот во секој негов збор.


7. Облекувајте се паметно

Облеката која ја носиме игра голема улога во туѓата перцепција. Но, освен што облеката има големо влијание врз другите, со тоа што ќе бидете паметно облечени вашата самодоверба ќе расте.

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg