Неочекувани начини на кои можете да го користите балсамот за усни
Балсамот за усни е веројатно една од работите која без сомнение може да се најде во секоја женска чанта.
Неговата главна намена е да ја заштити и негува кожата на усните од агресивното влијание на надворешните фактори.
Сепак покрај оваа основна употреба постојат уште неколку кои сигурно не сте ги знаеле.
Дел од нив се следниве:
1. Нанесете го на петите и спречете го создавањето на плускавците и црвенилото од носењето нови обувки.
2. Доколку ви потекле прстите и не можете да го извадите прстенот кој го носите, едноставно намачкајте го со балсамот за усни и тој веднаш ќе излезе.
3. Тој е одличен и за пополнување на гребаниците на омилените кожни чанти или чевли.
4. Балсамот за усни може да го искористите и како средство за мачкање на помали рани и убоди од инсекти бидејќи го намалува чешањето и ја забрзува обновата на кожата.
5. Нанесете малку од балсамот на чешел и ослободете се од статичкиот електрицитет кој се создава при чешлањето на косата. Исто така тој ќе ви помогне веѓите да ви изгледаат уредно и средено.
6. Честото бришење на носот доведува до пукање на кожата околу него. Нанесете малку балсам на иритираната кожа и веднаш ќе забележите разлика.
7. Ставете чкорче, дрвено стапче или јаже и веднаш ќе добиете свеќа за итни случаи.
8. Доколку се наоѓате во ситуација да мора да запалите оган но немате како нанесете малку балсам на памук и запалете го. Памукот лесно се пали а маслото во балсамот ќе ви помогне подолго да го одржите пламенот.
9. Доколку ви се заглавил патентот и никако не можете да го одглавите, само нанесете малку балсам од двете страни и веднаш ќе го решите проблемот.
10. Доколку нанесете балсам на местата на кои ставате парфем тој ќе го нарави вкусот поотпорен и ќе задржи парфемот многу подолго.
М. С. | Црнобело