Едни правила важат за вас, други за нив: 5 знаци дека луѓето не ве ценат доволно

Секој од нас го доживеал она искуство како блиските да не нè ценат доволно и не се трудат околу нашиот однос.

5-jasni-znaci-deka-lugjeto-ve-zemaat-zdravo-za-gotovo-01.jpg

Ова се 5 цврсти докази дека сте во право:

1. Другите ја искористуваат вашата добродушност

Луѓето кои нас не земаат здраво за готово се навикнати дека ние секогаш сме тука на располагање за нив и дека секогаш ќе правиме онака како што посакуваат. Тоа значи дека во одреден период сигурно ќе почнат да ја искористуваат вашата добродушност, па дури и да ви нанесат штета.

Во љубовната врска тоа ќе се одрази на начин на кој партнерот ќе биде потполно сигурен во вашата љубов и во фактот дека никогаш нема да го напуштите, па ќе престане да се труди околу вас.

2. Она што го правите не ви е возвратено

„Не размислувајте околу тоа што другите направите за вас, туку што вие можете да направите за нив“, мудра изрека по која треба да се водиме. Но, тоа не значи дека не треба да препознаете кога вие постојано давате, а не добивате ништо за возврат.

Блиските личности треба да ги ценат вашите добри карактеристики и со еднаква мера да се трудат да ви ги возвраќаат добрите дела.

3. Едни правила важат за нив, други за вас

Сте направиле брдо добри работи и потоа, правите една грешка и луѓето веднаш ви се лутат. Тоа е јасен знак дека ве земаат здраво за готово. Тие личности се навикнати дека сè правите како што треба и очекуваат дека никогаш нема да погрешите, но тие очекувања не се реални. Ако сте згрешиле, не треба да се чувствувате лошо заради тоа.

4. Другите ја игнорираат вашата присутност

Пријателката ве повикала на вечерно излегување, а кога ќе дојдете во нејзиното друштво, ви врти грб и цела вечер ве игнорира. Ова е јасен знак дека не ве почитува доволно и ве зема здраво за готово. Ако забележите дека се случуваат вакви работи, најдобро е да покажете дека се почитувате себеси и да избегнувате такви дружења.

5. Никогаш не иницираат контакт

Никој не е толку зафатен да не може да најде време да ви се јави, ако тоа го сака. Не постојат веродостојни оправдувања зошто на некоја личност вие морате да ѝ се јавите први, без разлика на тоа за каков однос станува збор. 

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Верувате ли дека ангел чувар нѐ следи насекаде? Знаци дека е во близина и ве чува Некои луѓе веруваат дека нивниот ангел чувар е духовно суштество кое работи за н...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg