Приказната што се крие зад познатата слика „Бакнежот“ на Густав Климт

Австрискиот сликар Густав Климт е еден од најпознатите сликари во светот. Многу негови слики се сметаат за ремек-дела, но една се издвојува од сите други, а тоа е познатата слика „Бакнежот“.

prikaznata-shto-se-krie-zad-poznatata-slika-baknezhot-na-klimt-01.png

Климт е претставник на симболизмот кој се карактеризира со мистични мотиви, многу бои и силно изразена естетика. Ова уметничко дело ги маѓепса љубителите на сликарството уште во 1908-ма, годината кога е создадено.

Во тој период, Климт воопшто не мислел дека ова дело ќе му донесе голема слава. Галеријата Белведере ја купила сликата уште пред да биде целосно завршена.

„Бакнежот“ прикажува двајца љубовници во прегратка на поле со цветови. Мажот е наведнат и ја бакнува девојката. Женската фигура носи шарен фустан и венец од цветови на главата. Затворените очи симболизираат спокој и интимност.

prikaznata-shto-se-krie-zad-poznatata-slika-baknezhot-na-klimt-01.jpg

„Бакнежот“ е уникатно дело не само поради начинот на кој е прикажан еден обичен љубовен бакнеж, туку и поради шемата на контрасти, светлите бои и прецизните линии.

Иако никој досега не успеал да ја открие вистинската приказна зад сликата, постои теорија дека ова е портрет на уметникот и неговата партнерка, модната дизајнерка Емили Флоге, која ја има насликано во други дела.

prikaznata-shto-se-krie-zad-poznatata-slika-baknezhot-na-klimt-08.jpg

Некои пак, велат дека жената на сликата е „Црвенокосата Хилда“, поради црвената коса на девојката. Хилда често позирала на сликите на Климт.

prikaznata-shto-se-krie-zad-poznatata-slika-baknezhot-na-klimt-07.jpg

Се смета дека златната боја која доминира во делото е отсликување на физичките задоволства, што е храбро од страна на Климт, бидејќи во тој период црквата забранувала вакви теми јавно.

Ваков приказ на љубовта се среќава и во други дела на Климт, но не на толку драматичен начин. Ова е инспиративна и магична слика која е далеку пред своето време и на која јасно се гледа генијалното мајсторство на сликарот.

Сликата денес е изложена во Австриската галерија Белведере.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Носи само жолта облека - Кој е „жолтиот човек“ од Сирија и зошто веќе 40 години е опседнат со оваа б... На раздвижените улици во Алепо, Сирија, постои личност која ја буди љубопитноста...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
Детален приказ: Како гледаат луѓето со разни проблеми со видот? Сте се запрашале ли како гледаат луѓето кои имаат глауком или оние со некои видо...
Скриени цркви, чешми - 5 лековити места во Македонија Кога претходно објавивме за лековити места (манастири и цркви), потенциравм...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
8 типично машки работи кои и жените ги користат со задоволство Широки палта со многу џебови, едноставни машки маички... Знаете ли кои предмети ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg