Никој не ја сакал „I'll be there for you“: Интересни факти за „Friends“

Сигурни сме дека нема човек кој не изгледал барем една епизода од култната серија „Friends“, некогаш во животот.

nikoj-ne-ja-sakal-i-ll-be-there-for-you-interesni-fakti-za-serijata-friends-01.jpg

Иако поминаа 13 години откако беше снимена последната епизода, оваа серија сè уште се гледа и сè уште се вбројува меѓу најпопуларните и најомилените серии на сите времиња.

Постојат интересни факти за снимањето, за моментите зад сцената и за приватниот живот на актерите од „Friends“ кои можеби не сте ги знаеле.

Прочитајте ги во продолжение:

1. Киријата за станот на Моника денес би била најмалку 4.500 долари месечно. Во серијата, чинеше многу помалку бидејќи Моника го наследи станот со фиксна кирија од баба ѝ.

2. Според Џенифер Анистон, на ниту еден од актерите не им се допаѓала насловната нумера „I’ll be there for you“.

3. Првично, Џенифер Анистон требало да го игра ликот на Моника, но таа сакала да биде Рејчел. Кортни Кокс требало да биде Рејчел, но таа одбрала да биде Моника.

4. За време на снимањето на епизодата „The One Where No One’s Ready“, Мет Лебланк го дислоцирал рамото, па затоа во следните епизоди носи завој.

nikoj-ne-ja-sakal-i-ll-be-there-for-you-interesni-fakti-za-serijata-friends-02.jpg

5. Во текот на сите 10 години додека траело снимањето, Џенифер Анистон, Лиса Кудроу и Кортни Кокс секој ден ручале заедно и секој ден ја јаделе истата храна.

6. За последната сезона, секој од актерите добил по 1.000.000 долари по епизода, што бил највисокиот хонорар за телевизиски ѕвезди во тоа време.

7. Улогата на Фиби Буфе ѝ била понудена на Елен Деџенерис, но ја одбила.

8. Фиби најчесто ја гледавме како пие/нарачува кафе за време на серијата, што вкупно изнесува 227 шолји за 10 сезони.

9. Има неколку епизоди во кои се појавуваат „двојници“ на актерите, во кратки моменти.

nikoj-ne-ja-sakal-i-ll-be-there-for-you-interesni-fakti-za-serijata-friends-03.gif

10. Сите од актерската екипа плачеле на снимањето на последната епизода, па снимањето постојано се прекинувало за да им се поправи шминката.

11. Пилот-епизодата добила многу негативни критики, па за малку немало да се сними остатокот од првата сезона.

12. Кога почнала да се емитува серијата, сите актери седнувале заедно да ги гледаат епизодите.

13. Родендените на актерите се менувале во текот на серијата. На Рос му беше роденден во декември, а во друга епизода кажа дека е роден на 18 октомври.

14. Џенифер Анистон одбила настап во шоуто Saturday Night Live за да глуми во „Friends“.

15. Шпицата, во која актерите се во фонтана, се снимала скоро цел ден, и на крајот на сите од актерската екипа прстите им биле со „линии“ од влагата.

nikoj-ne-ja-sakal-i-ll-be-there-for-you-interesni-fakti-za-serijata-friends-08.gif

16. Кога Брус Вилис гостуваше во серијата, целиот хонорар го донираше во хуманитарни цели.

17. Од NBC им рекле на сценаристите на серијата дека треба да имаат и лик што е постар бидејќи никој нема да сака да гледа серија за група луѓе во нивните дваесетти години.

18. На сценаристите многу им се допаѓале епизодите каде што сите шест пријатели седат заедно во соба, па почнале да снимаат по една таква епизода во сезона.

19. Грдиот гол сосед (Ugly Naked Guy) не го пишуваше на шпицата и долго време не се знаеше кој го глуми. Подоцна се откри дека станува збор за човек по име Џон Хауген.

20. Кога ја снимале сцената каде што се голи, ниту Хауген ниту Дејвид Швимер биле целосно голи. И двајцата носеле боксерки, но беа седнати да изгледа како да се голи.

nikoj-ne-ja-sakal-i-ll-be-there-for-you-interesni-fakti-za-serijata-friends-09.gif

21. На Лиса Кудроу не ѝ се допаѓала идејата Фиби да свири на гитара и предложила да удира на бонго наместо тоа.

22. Кортни Кокс сакала Мет Лебланк да ја игра улогата на Џои бидејќи ѝ бил многу згоден и симпатичен.

Извор

Би можело да ве интересира:

9 ситници од Али Експрес кои може одлично да ви се најдат кога одите на патување Ливчиња сапун во пластично пакување, специјални гаќички кои не пропуштаат при ме...
Самоубиства, сообраќајки, убиства: Проклетството што ги следи актерите од ретро серијата „Power Rang... Еден од актерите изврши самоубиство на 50-годишна возраст, а една од актерките з...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
Инцест и блуд, убиства и криминал - Факти за семејството Борџија, едно од најизопачените во светот Ова семејство е синоним за злосторства, скандали и разврат - брат и сестра биле ...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg