Стравови за кои мажите никогаш не зборуваат


Стравови за кои мажите никогаш не зборуваат

Сигурно и вие сте од оние кои мислат дека не е можно мажите да имаат голем број на стравови кои ги чуваат во тајност.

10-stravovi-na-mazhite-za-koi-nikogash-ne-zboruvaat-01.jpg

Тие се силни, цврсти, заводливи и не може да се плашат од нешто кога треба да ги штитат жените од сѐ и да бидат самоуверени.

Сепак, тоа е само грешно верување, бидејќи и тие се луѓе кои имаат свои стравови и сомнежи исто како и жените.

Дали изгледаат добро, дали се згодни, дали имаат доволно финансии се само дел од проблемите што ги мачат и плашат.

Дознајте кои се грижите кои ги имаат мажите и што ги вознемирува:

Изгледот на телото

Жените уште од најрана возраст се форсираат со помислата дека нивното тело секогаш треба да биде совршено и идеално и се опседнуваат со диети и вежбања.

Такви притисоци не постојат кај мажите, но тоа не значи дека тие не се грижат за нивниот изглед и дека не си го споредуваат телото со други згодни мажи. Кај нив најголем проблем најчесто е „пивскиот стомак“.

10-stravovi-na-mazhite-za-koi-nikogash-ne-zboruvaat-02.jpg

Финансии

Финансиите се речиси најголем проблем кој на мажите им предизвикува стрес. Тие веруваат во тоа дека тие се столбови на семејството, дека треба да го одржуваат и да се грижат за него.

Исто така има мажи кои мислат дека парите им се клучни кога станува збор за освојување девојка, и иако на девојката можеби тоа не ѝ е важно, сепак тоа им стои како обврска.

10-stravovi-na-mazhite-za-koi-nikogash-ne-zboruvaat-03.jpg

Висина

Како да не бидат загрижени за ова, кога една од карактеристиките на идеален маж е тој да биде висок (или барем повисок од партнерката). Ако жените помалку се грижеа за овој факт и не им значеше, тогаш веројатно и мажите не би имале таков притисок.

10-stravovi-na-mazhite-za-koi-nikogash-ne-zboruvaat-04.jpg

Односот на партнерката со друг маж

Љубомората на мажите можеби не е толку изразена како кај жените, но еднакво ја повредува нивната гордост и самодоверба. Мажите колку и да веруваат, секогаш имаат доза на сомнеж, но за да се спречи тоа, најдобро е да постои отворена комуникација.

10-stravovi-na-mazhite-za-koi-nikogash-ne-zboruvaat-05.jpg

Неискуство во флертување

Мажите секогаш сакаат да се покажат добро пред девојките и да бидат популарни во нивните очи, и исто како и девојките, и тие се плашат дека можеби ќе згрешат и ќе ја уништат целата работа.

На мажите им е потребна поддршка и фидбек, па затоа трудете се да им го овозможите тоа.

10-stravovi-na-mazhite-za-koi-nikogash-ne-zboruvaat-06.jpg

Влакна

Влакната на телото на мажите може да предизвикаат вистински проблем. Кога се малку – тогаш тој не е доволно мажествен и има детски изглед, кога има многу – тогаш личи на животно и не се грижи за себе.

Никако да им се погоди на жените, а тоа на мажите им претставува грижа.

10-stravovi-na-mazhite-za-koi-nikogash-ne-zboruvaat-07.jpg

Исхрана

„На диета сум“ – колку често мажите ја слушаат оваа реченица од устата на жените? Но, ако мажите го спомнат ова, тогаш жените ќе ги гледаат чудно како да тоа не е нормално.

Сепак, претставниците на посилниот пол исто така сакаат да се грижат за телото и исхраната, на крајот на краиштата, секој треба да биде здрав, само мажите помалку зборуваат за тоа.

10-stravovi-na-mazhite-za-koi-nikogash-ne-zboruvaat-08.jpg

Врска со саканата

Сосема е нормално жените да зборуваат на тема љубов, врски, проблеми во врската и решавање на истите. Но, кога мажите би зборувале за ова толку често, ќе изгледа малку чудно.

И повторно стереотипите на општеството не им дозволуваат да се покажат во вистинско светло, па тие се покажуваат како бесчувствителни. Но, верувале или не, зборувале тие или не, сепак се грижат за доброто на врската.

10-stravovi-na-mazhite-za-koi-nikogash-ne-zboruvaat-09.jpg

Број на партнери со кои девојката била пред нив

Ако девојката претходно била со повеќе мажи (односно таа имала повеќе партнери од мажот) тоа може да стане натпревар во имагинацијата на мажот. Тој може да се искомплексира, а тоа ќе се одрази на врската.

За да се спречат понатамошни грижи и стравови, треба уште на почетокот да се разјаснат работите и да се расчисти дека минатото е само минато.

10-stravovi-na-mazhite-za-koi-nikogash-ne-zboruvaat-10.jpg

Искажување на емоции

„Не плачи! Маж ли си што ли си?“ – изрека која машките деца често ја слушаат и растат со неа. Голем е притисокот тие да зајакнат уште од мали, но поради тоа, тие понатаму во животот се плашат да искажат емоции кога се соочуваат со различни ситуации, бидејќи наводно изгледаат слабо.

10-stravovi-na-mazhite-za-koi-nikogash-ne-zboruvaat-11.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како изгледаат оброците во болниците низ светот? На никој не му е сеедно кога треба да биде подолго време во болница, без разлика...
Работи кои на жените им биле забранети да ги прават во минатото Сите знаеме дека во минатото дискриминацијата на жените била многу лоша, но не с...
Мажи vs. жени: Колку различно ги гледаат истите ситуации? Некои веруваат дека мажите не знаат да ја ценат женската убавина. И тука грешат....