Трамп ќе добие втор мандат, роботи ќе завладеат со светот - човек кој тврди дека е патник низ времето раскажува што ќе ни се случи во 2028 година

Мистериозниот човек по име Ноа се декларира како патник низ времето и тврди дека доаѓа од годината 2030. Тој успешно го поминал детекторот за лаги, со тврдења дека Доналд Трамп ќе добие втор мандат како претседател на САД, а вештачката интелигенција ќе завладее со човештвото.

Patnik-niz-vremeto-raskazuva-sto-ke-ni-se-sluci-vo-2028-godina-01.jpg

Тој, исто така, тврди дека луѓето ќе стапнат на Марс во 2028 година, а патувањето низ времето ќе стане достапна и вообичаена практика.

Но, скептиците жестоко го нападнаа сведочењето на овој чуден повратник од иднината.

Неговиот лик и глас се изменети со цел да не се открие неговиот вистински идентитет, бидејќи тој јасно укажува дека го ризикувал неговиот живот со цел да се врати назад во времето.

Неговата мисија, како што кажува тој, е да им пренесе на живите што ги очекува понатаму во иднината.

Дел од неговите изјави се дека паметните очила на Google ќе започнат масовно да се употребуваат скоро во сите делови на светот.

Технологијата ќе се развие до тој степен што самостојно ќе може да го управува целиот дом. Ќе се зголеми популарноста на биткоините, а во 2030 година претседателот на САД ќе биде мистериозен лик по име Ilana Remikee.

Patnik-niz-vremeto-raskazuva-sto-ke-ni-se-sluci-vo-2028-godina-02.jpg

Тој, исто така, тврди дека глобалното затоплување ќе предизвика зголемување на температурите во Северна Америка, а ладење на европскиот континент.

2028 е годината кога луѓето конечно ќе стапнат на Марс, а истата таа година ќе биде откриено и патувањето низ времето.

Ноа објаснува дека електричните автомобили ќе може да постигнат брзини исто како и превозните средства кои се движат на нафта и бензин, а многу видови на рак ќе бидат целосно излечиви.

Во претходно интервју, Ноа тврди дека имал анорексија и дека е 50-годишник, но дека земал лек кој му предизвикал подмладување и го трансформирал во 25-годишен млад човек.

Неговите тврдења предизвикаа неверување и потсмев, па тој се согласи на сведочење приклучен на полиграф пред камера.

За време на интервјуто тој кажува дека има силни докази кои ги поткрепуваат неговите предвидувања поврзани со иднината, но не смее да ги презентира бидејќи се плаши дека ќе предизвика парадокс.

Критичарите велат дека се работи за обична шарада, дека тој воопшто не е приклучен на полиграфот и дека целата работа е наместена.

Кое е вашето мислење за патникот од иднината?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
Верувате ли дека ангел чувар нѐ следи насекаде? Знаци дека е во близина и ве чува Некои луѓе веруваат дека нивниот ангел чувар е духовно суштество кое работи за н...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg