Разбудете се!

До кога? До кога вака ќе живеете, за кого ли живеете? До кога ќе ги носите тие лажни насмевки, зад кои се кријат илјадници солзи? До кога ќе глумите среќа, наместо навистина да ја создавате? Знаете ли веќе воопшто што ве прави среќни, или од толку преправање тотално заборавивте?

2014-05-07-0903_5369dacdddf2b358b54c8e76.jpg

Како секој ден да сте поканети на маскембал, како секој ден да добивате награда за најубавата маска, најстрашната, или пак најкреативната? Кого се трудите цел живот да импресионирате?

Оние кои пред вас ќе ракоплескаат, а зад грб гроб ќе ви копаат, или пак оние кои ќе ви стискаат бедни лајкови кои толку многу ви “значат”? За кого живеете? Кои сте всушност вие кога светлата ќе се изгаснат и маскембалот ќе заврши? Не знаете, ве нема?

Се додека ги живеете животите кои другите ви ги наметнуваат, се додека се шминкате и дотерувате за другите да ве забележуваат, нема да дознаете, нема да постоите.

Не знаете ли дека не е важно ако сите не ве сфатат? Убавината е во различноста, во прифаќање на различностите и надополнување на недостатоците. Ама вие упорно се обидувате да се вклопите, упорно се обидувате да бидете како другите....жално, но вистинито. Саркастично, и сурово патетично. Х

раброста ја изгубивте, карактерот го изгубивте, себеси се изгубивте. Немате свој живот, живеете живот режиран од другите. А тие, “режисерите”, барем филмови да режираа, барем некоја паричка ќе земеа, и така душата би си ја продале за неа. И така од се друго им е поважна.

Ама за некои од вас џабе е што некој ќе ви ги отвори очите, ако вие самите не сакате да прогледате. И на крајот од денот пак ќе си броите лајкови, и со нив ќе си мерите убавина, скришно ѕиркајќи го комшијата, бидејќи кога вам веќе секако ве нема, да има барем муабет утре што да правите, секако неговиот живот е поинтересен од вашиот.

Вие и онака веќе сте живи мртовци, и онака веќе не постоите.

Автор: Анамарија

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg