Позитива на денот - Канаѓанец спасил замрзнати мачиња со топло кафе
Изгледа дека кафето може да спасува животи, а тоа го докажа Канаѓанецот Кендал Дивиш.
Кендал е работник во нафтената индустрија и додека проверувал еден од бунарите, налетал на три напуштени маченца.
Кендал им се приближил и веднаш го слушнал нивното очајно мјаукање. Набрзо сфатил дека опашките на две од мачињата им биле замрзнати на земјата покриена со снег.
Без двоумење, Кендал истрчал до автомобилот каде имал чаша топло кафе и веднаш го истурил на мразот. За жал, кафето не било доволно за да ги ослободи, па Кендал се обидел да ги повлече.
Мачињата продолжиле со мјаукање, но Кендал не се откажал и успешно ги извадил од мразот.
За голема среќа, ниту едно од мачињата не било повредено за време на спасувањето.
Подоцна Кендал го споделил искуството на Facebook и објавата веднаш се прославила.
Posted by Kendall Diwisch on Wednesday, January 22, 2020
Херојот не само што ги спасил мачињата, туку ги ставил во автомобилот и ги однел дома. Ги стоплил и им дал храна.
Кендал се сомнева дека мачињата биле замрзнати цела ноќ, но, за нивна голема среќа, тој ги видел пред да им се случи најлошото.
Бидејќи немал услови да ги чува, Кендал изјавил дека бара некој да ги вдоми и веднаш добил стотици понуди. За брзо, мачињата си нашле нов дом.