5 (не)вообичаени однесувања на вашето куче и нивното значење
Кучињата се навистина неверојатни суштества кои секојдневно нѐ опсипуваат со тон внимание, љубов и спокој.
Повеќето луѓе ги третираат своите кучиња подобро отколку самите себеси.
Поради оваа екстремна љубов што ја имаме кон нашите миленици, обично можеме да ги разбереме на некој чуден начин.
Како што се вели: „тие со поглед ни зборуваат“.
Сепак, постојат денови кога вашето куче се однесува невообичаено и, покрај сите напори, вие не можете да препознаете што му се случува.
Во продолжение ви ги наведуваме вистинските причини за некои однесувања на вашето куче и воедно што е она што ги предизвикува:
Неодоливите кучешки очиња
„Кучињата се животни кои имаат несекојдневна моќ на привлекување на нашите срца“, вели професор Бриџит Волер, директор на Центарот за компаративна и еволутивна психологија на Универзитетот во Портсмут.
„Обрнувавме многу внимание на лицата на сопствениците и резултатот е речиси секогаш идентичен - тажниот поглед на кучињата има моќ да ги разнежни и оние луѓе кои не се љубители на животни“.
Тајната се состои во тоа што кучињата постепено се здобиле со нов мускул на челото, наречен ЛАОМ.
Со студија каде што се преиспитувале шест кучиња и тоа чивава, лабрадор, далматинец, германски овчар, бигл и кокер, откриено е дека сите имаат мускул ЛАОМ.
Истата студија била изведена врз четири видови диви животни и како што се претпоставувало: мускулот недостасувал.
Според истражувачите, специфичниот мускул предизвикува да се подигнат внатрешните веѓи на кучињата, што ги прави нивните очи да изгледаат поголеми и повеќе слични со оние на новороденчињата.
Повеќето научници се согласни со фактот дека кучињата го користат овој „трик-поглед“ за полесно да го добијат она што го сакаат, што и во големи проценти го постигнуваат.
Чекајќи го вашето одобрување
Следното однесување на кое ќе се задржиме е кога вашиот „најдобар пријател“ го чека вашето одобрување.
Честопати се случува да забележите како вашето куче непрекинато гледа во вас или, пак, здрвено стои пред вас, непомрднувајќи се.
Тоа всушност ви кажува дека вашето куче сака да направи нешто, но потребна му е вашата дозвола.
Кога вашето куче покажува ваков вид однесување, тоа значи дека го почитува вашето мислење и дека навистина одлично сте го дресирале.
Верувајте дека вашите миленици навистина сакаат да ве направат среќни и ја препознаваат позитивната енергија во вашите очи.
Гледајќи во вас, тие со поглед ве прашуваат „дали сте во ред“ со тоа што тие посакуваат да го направат.
Вашето куче знае кој е „водачот“, покрај обостраната љубов која ја имате.
Неодоливото трепкање
Дали знаете што означува постојаното трепкање на крупните кучешки очиња?
Во суштина луѓето сметаат дека во овој случај нивните миленици се желни за внимание и милување, но всушност се далеку од вистината.
Верувале или не, нивното такво однесување кажува само едно: тие кријат нешто од вас.
Во зависност од темпераментот и карактерот на кучето, секој сопственик треба да препознае каква „пакост“ направил нивниот миленик.
Особено внимавајте на начинот на прифаќање и „казнувањето“ кое претстои.
Не секогаш простувањето е вистинскиот потег за решавање на проблемот, но навистина треба да се потрудите и да го најдете вистинскиот начин преку кој кучето ќе сфати дека во иднина тоа не смее да го повтори.
Јазиче извадено нанадвор
Следно на нашата листа на кучешки однесувања е она кога вашето куче непрекинато го држи јазикот надвор.
Повеќето луѓе кои поседуваат кучиња знаат точно за што зборуваме и нека бидат искрени, тоа изгледа прилично смешно.
Ова е уште еден од оние неверојатно симпатични погледи проследени со розовото, движечко јазиче.
Не плашете се, не секогаш ова значи дека вашето куче е жедно.
Тоа во принцип важи по неговата прошетка или истрчување, но помеѓу овие две јасно може да се направи разлика.
Второто е знак дека дека вашето куче е опуштено, спокојно и што е најважно: среќно.
Најчесто овој израз можете да го видите по долгиот ден во кој тие желно ве исчекувале и копнееле по вас.
Исправени уши и опавче
Многу вообичаено однесување што сите кучиња го покажуваат во одреден момент е директно исправените уши и опашката налик стрела.
Ова однесување не само што е карактеристично за кучињата, туку може да се забележи и кај повеќето други животни.
Ова обично значи дека вашиот „најдобар пријател“ е многу љубопитен за нешто во околината.
Многу е можно дека вашето куче слушнало чуден шум или пак осетило несекојдневен мирис.
Во овој момент, вашето куче најверојатно ќе стори сé што може за да ја дознае мистеријата на бучавата или непознатиот мирис и да биде најдобриот детектив.
Мила М. | Црнобело